Спортот да биде фактор на обединување, побараа Шаќири и Нацева

Здружението „Диверзити Медиа“ денеска во зградата на општина Тетово ја организираше својата петта јавна дебата под наслов „Зошто спортот во Македонија разединува наместо да обединува? На неа како дискутанти учествуваа и познатите македонски спортски асови во фудбал и ракомет, Артим Шаќири и Гордана Нацева.

Една од главните теми на дебата беа случувањата на овогодинешното финале на Купот на Македонија во фудбал одиграно на 22 мај во Скопје меѓу двата тетовски клуба Тетекс Шкендија. Овој дуел беше прекинат поради навредливото и националистичкото навивање на навивачките групи на двата клуба, по што следуваше продолжение друг ден без публика.

Според тренерот на Шкендија и поранешен репрезентативец на Македонија во фудбал, Артим Шаќири финалето требало да се доигра и покрај навредливото скандирање од трибините а виновниците за тоа да се лоцираат и да се казнат така што нема повторно да учествуваат во такви скандирања.

- Јас сум присуствувал на многу натпревари каде имало навреди но тоа што се случи на финалето на купот навистина беше премногу и на фудбалерите не им се дозволи да го доиграат натпреварот. И покрај се сметам дека без публика не е вистински натпревар, бидејќи втората средба неколку денови подоцна без публика на стадионот повеќе изгледаше на пријтелски или тренинг натпревар одошто едно финале на Куп изјави Шаќири.

И поранешна репрезентативка на Македонија во ракомет Гордана Нацева која на телевизија го гледала финалниот натпревар на фудбалскиот куп ги осуди недоличните скандирања.

- За мене ова е еден аларм, сигнал што се праќа преку спортот до сите нас дали навистина сме обединети, не само во спортот, туку и во секојдневното живеење, бидејќи спортот е негова рефлексија. Би била тажна ако навистина е така во секојдневниот живот, толку да сме разединети и два клуба од Тетово, едниот составен од етнички Албнци, другиот од Македонци, да не можат да најдат начин да организираат еден натпревар и при тоа спортот да биде фактор на обединување а не на разединување, рече Нацева.

Според Назми Рашиди од „Диверзити Медиа“ нивната организација сака преку организирањето на вакви јавни дебати на повеќе различни теми и да се отвори дискусија во која би се вклучиле сите заинтересирани страни.

Од оваа организација најавуваат дека и следните дебати ќе бидат насочени кон подобрување на квалитетот на локалните власти, подобрување и развој на меѓуетничкиот дијалог во сите сфери на општеството, корпоративна социјална одговорност на приватниот сектор, со цел да се подобрат меѓуетничките односи и поттикнување и зајакнување на општествениот активизам низ Македонија.

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ продолжи да ги поместува границите во НБА и постави нов рекорд. 

Играчот на Денвер стана првиот играч во историјата на најсилната лига на светот кој постигнал повеќе од 8.000 поени, 4.000 скока и 3.000 асистенции во период од пет години во ова натпреварување.

Јокиќ рано утрово постигна 22 поени, десет асистенции и девет скока во поразот на неговиот тим од Феникс со резултат 104:97.

Денвер е бранител на шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Со биланс од 51 победа и 22 порази е лидер на табелата во Западната конференција.

Уште два смртни случаи во Јапонија по земање додатоци во исхраната

Уште два смртни случаи, а повеќе од 100 хоспитализирани во Јапонија по земање додатоци во исхраната.

Уште два смртни случаи се поврзани со конзумирање на додатоци во исхраната направени од црвен квасец, соопшти денеска компанијата „Кобајаши“.

Јапонското Министерство за здравство вчера соопшти дека смртта на две лица и повеќе од 100 хоспитализации во Јапонија се поврзани со конзумирање на диететски додатоци во исхраната од црвен квасен ориз од фармацевтската компанија „Кобајаши“, пренесува Кјодо.

Производител на лекови од Осака вчера соопшти дека едно лице починало од бубрежна болест откако очигледно земало додатоци „бени-коџи“ околу три години.

Вториот смртен случај е пријавен во Министерството за здравство, труд и социјала по отворена истрага во компанијата.

Министерството се сомнева дека производите содржат токсична супстанција, но компанијата засега не може да ја утврди конкретната причина.

„Кобајаши“ минатиот петок рече дека добил извештаи за болести поврзани со неговите производи и дека повлекол од пазарот пет од нив, вклучително и околу 300.000 пакувања од неговите додатоци „бени-коџи“.

Трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Македонија, достоинствено исправена пред светот“

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси .

Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Скопје синоќа организираше отворена трибина за учеството на Македонија во меѓународните односи, враќањето на дигнитетот на дипломатијата и заштита на македонските национални интереси на меѓународната политичка арена, под наслов „МАКЕДОНИЈА, ДОСТОИНСТВЕНО ИСПРАВЕНА ПРЕД СВЕТОТ“.

Професор д-р Гордана Силјановска Давкова ја критикуваше нефункционалноста на постоечката дипломатија поради дискомуникација меѓу претседателот, министерот за надворешни работи и Собранието. Таа укажа дека мора да се врати фокусот на мултилатералната дипломатија и борбата за национални интереси преку меѓународните организации и институции со почитување на европското право и сите релевантни документи во врска со малцински и човекови права. Исто така, таа навести користење на институтот реципроцитет во иднина, како базичен национален приоритет во односите со други држави.

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Силјановска Давкова како нужно укажа на неопходноста на враќање на функционалноста на македонската дипломатија, пред се преку зацврстување на системот за вреднување на работата на дипломатите, нивното кариерно унапредување и упатување на служба во странство според заслуги и искажани способности и дипломатски вештини

Поранешниот претседател д-р Ѓорге Иванов врз основа на своето искуство ја потенцираше важноста од повторно воспоставување на нарушениот баланс помеѓу законодавната, извршната и судската власт. Извршната власт ги има киднапирано ингеренциите на Собранието, претседателот и правосудството сведувајќи ги на улога на своевиден сервис на Владата. Тоа резултира со редица нестручни, погрешни и неквалитетни одлуки, кои многу ја чинат државата. Враќањето на балансот на ингеренциите помеѓу нив ќе биде клучен елемент за координирано настапување на државните чинители и успех на домашен и на надворешен план.

Претседателот на Комисијата за надворешна политика во Собранието и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски се осврна на актуелните слабости во Министерството за надворешни работи кои со геометриска прогресија се зголемуваат последните седум години. Покрај бројните прекршувања на законот од страна на министерот Османи, тој ги потенцираше прекршувањата на процедурите за упатување на амбасадори во странство, масовното партиско впумпување кадри и отстранувањето на најспособните дипломатски кадри од тековните процеси, нарекувајќи го Кабинетот на Османи „чајна кујна“ со само неколку луѓе, каде што одлуките се носат независно од структурата на МНР. Тој најави ревизија, односно враќање на незаконски испратените амбасадори од странство.

Трибината предизвика интерес во стручната јавност и присуство на голем број сегашни и поранешни дипломати и пратеници.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер