Објавени номинираните спортисти за наградите на ЕСПИ

Секоја година најдобрите светски спортисти, американскиот спортски медиум ЕСПИ ги наградува за нивните врвни спортските достигнувања во календарската година.

Годинава во конкуренција за престижната награда на ЕСПИ, интернационален спортист се номинирани најбрзиот човек на светот шампионот Усеин Болт, првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, фудбалските волшебници Лионел Меси и Кристијано Роналдо и боксерот Хуан Мануел Маркес.

ЕСПИ ќе го прогласи и добитникот на наградата за најдобар тенисер на годинава во светот. Номинирани за ова престижно признание се велејамсторите на белиот спорт Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Енди Мареи и Роџер Федерер.

Победниците ќе бидат одредени по онлајн гласањето на официјалниот сајт на ЕСПН кое ќе трае се до 17 јули .

До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето

Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег.

Како што најавуваат од УХМР од петок следува период на претежно стабилно и потопло време.

Времето денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 l/m2) и поројни, проследени со ретки грмежи, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Времето во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд повремено поројни, а во делови од котлината со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Tемпературата ќе се движи до 12 степени целзиусови.

Зеленски: Рускиот напад врз ТВ кулата во Харков е дел од кампањата за заплашување

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека рускиот ракетен напад со кој беше уништена телевизиската кула во Харков е дел од тековните напори на Кремљ да го заплаши населението на вториот по големина град во Украина, кој беше под интензивирани напади во последните неколку недели.

Целта на нападот беше „теророт да се направи видлив за целиот град и обид да се ограничи поврзаноста на Харков и пристапот до информации“, рече Зеленски во синоќешното обраќање.

Североисточниот дел на Харковската област се наоѓа на линијата на фронтот од околу 1.000 километри, каде што украинските и руските сили се борат повеќе од две години од инвазијата на Москва врз Украина. Линијата на фронтот не е многу променета во услови на војна на исцрпување, која главно се води со артилерија, дронови и во ровови.

Од крајот на март, Русија го засили притисокот врз Харков, очигледно за да го искористи недостигот на украински системи за противвоздушна одбрана. Руските единици ја погодија локалната електрична мрежа и гаѓаа станбени блокови.

Руски проектил Х-59 вчера ја погоди ТВ кулата висока 250 метри, речиси во средината, по што дел од неа се урна и дојде до прекин на програмата. /МИА

Седум лица повредени во руски напад со дронови врз Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти.

-Во нападот се уништени најмалку 14 станови, изјави градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, , пренесе агенцијата Униан.

Во текот на ноќта и главниот град на Украина беше цел на руски беспилотни летала, а шефот на градската управа Серхи Попко изјави дека украинската противвоздушна одбрана соборила неколку беспилотни летала испукани од Русија кон Киев, додавајќи дека нема извештаи за штета или повредени во нападот.

Украинската морнарица соопшти дека се уништени четири руски беспилотни летала над јужниот регион Миколаев./МИА

притисни ентер