Истанбул прв фаворит за домаќин на Олимпијадата во 2020 година

Градот Истанбул за добивање на организацијата на Олимписките игри во 2020 година има силна поддршка од турската Влада како и стопанствениците во таа земја, изјави потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Крег Риди.




Во текот на четиридневната посета на Истанбул, Риди беше запознаен со можностите кои ги нуди градот на „Босфорот“. Претставникот на ИОК беше воодушевен од подготвеноста и желбата на Турците да бидат домаќини на најголемиот светски спортски собир кој се случува еднаш на четири години.

- Истанбул настапи со Буџет од скоро 20 милијарди долари, средства предвидени за изградба на најмодерни спортски градби со што би се овозможили безпрекорни услови за сместување и постигнување врвни резултати. Понудената сума од страна на турскиот град е далеку поголема од другите два града заинтересирани за домаќинството на Олимпијадата во 2020 година, а тоа се Мадрид и Токиои и поради тоа во моментов прв фаворит е Истанбул, истакна Риди.

Токио еднаш беше организатор на ЛОИ 1964 година, додека Мадрид и Истанбул се надеваат на прва организација.

Конечната одлука за градот домаќин на Олимпијадата 2020 ќе биде донесена на седница на Генералното собрание на ИОК на 7 септември 2014 година во Буенос Аирес (Аргентина).

Надал удри девојче со топче по главата , па и се извини и ја бакна (ВИДЕО)

Рафаел Надал лесно го совлада Фредерик Делбонис (6-3, 7-6, 6-1) за да се пробие во третото коло на Австралија опен.

Сцените од натпреварот во Австралија го обиколија светот поради едно девојче, кое собираше топки и реакцијата на Рафа по форхендот што заврши таму каде што не треба. Шпанецот ја удри топката точно во малото девојче кое стоеше близу до линијата на теренот, а таа храбро остана на нозе, не покажувајќи дека ја боли. Доволно е да се замисли болката од ударот на Рафаел Надал, но девојчето сепак стоеше со солзи во очите. Надал дојде до неа и ја бакна во образ.

„Се исплашив за неа. Топката беше брза. Таа е супер храбро девојче. Ова беше еден од најстрашните моменти во мојата кариера. Ја удрив директно во главата. “, рече Рафа по победата што го доведе до натпревар против сонародникот Карен Буста, минатогодишниот финалист на Австралија опен.

Таткото на УФЦ борецот Хабиб: Без 100 милиони долари нема реванш

По успешното враќање на Конор Мек Грегор во рингот, повторно се појави прашањето за можен реванш против Хабиб Нурмагомедов за титулата на УФЦ во лесна категорија.

Мек Грегор го нокаутира Доналд Церон по само 40 секунди во првото коло и најави дека по победата сака да биде победник на натпреварите против Тони Фергусон и Хабиб Нурмагомедов.

Хабиб и Мек Грегор се бореа на 6 октомври 2018 година, кога Хабиб победи со гушење. Пред натпреварот Мек Грегор го навреди Кабиб на верска основи, го спомна неговото семејство, а Дагестанецот го сфати тоа  лично и по победата отиде во пресметка со целиот ирски тим. Тој скокна од кафезот и започна тепачка, по што заработи повеќемесечна суспензија.

Тој подоцна изјави дека нема намера повторно да влезе во ринг со Мек Грегор, но ако го прашате неговиот татко Адбулманап, постои еден начин како овој реванш да се случи.

„100 милиони американски долари. Без тоа, нема борба. За мене парите не се важни, тоа е спортската страна, но вредната спортска страна на борбата Кабиб - Тони“, рече Нурмагомедов постариот.

Цикарски ново засилување за Академија Пандев

 Поранешниот репрезентативец Мите Цикарски (27) е новото засилување за Академија Пандев, соопштија од клубот.

Со ангажирањето на Цикарски струмичкиот прволигаш се засилува на левата бековска позиција, а досега тој има настапувано за екипите на Етникос Ахна, Јанина, Газ Метан, Вардар и Работнички.

Покрај Цикарски во паузата од првенството Академја Пандев ги ангажираше Бугаринот Ангел Грнчаров, албанскиот напаѓач Ндуе Мујеци и Бојан Најденов, а за првпат професионални договори за првиот тим потпишаа и пет фудбалери од младинската школа на клубот.

притисни ентер