Бријаторе: Фетел и Вебер веќе не можат да бидат во ист тим

Поранешниот сопственик на Формула еден тимовите Бенетон и Рено славниот италијански плејбој Флавио Бријаторе , даде свој коментар за неделната трка во Малезија и дуелот меѓу двоецот на Ред Бул Фетел и Вебер.





Бријаторе порачува дека фетел и вебер повеќе не можат да функционираат како тим и дека тие мора да се разделат.

-Милам дека меѓу нив двајца веќе нема хемија и спортско партнерство. Јасно е кој е прв, а кој втор возач во тимот,а очигледно тоа не му одговара на Вебер. Марк сака да се натпреварува и да победува, сака да биде шампион. Во ваква ситуација тоа е невозможно, најдобро е тие да се разделат. Фетел и Вебер веќе не можат да бидат во иста екипа, а тоа би можело да биде контрапродуктивно за Ред Бул како тим. Од оваа ситуација најголема корист би можеле да имаат ривалските тимови, како Ферари, и Мекларен, изјави за италијанските медиуми Бријаторе.

Фетел победи на трката за Големата награда на Малезија и покрај фактот дека Вебер во текот на трката беше побрз од него. Но пред крајот Вебер доби јасни инструкции од боксот да „не го форсира болидот“.

ДИК: Стево Пендаровски 180.306, Gордана Сиљановска Давкова 362.682

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. 

Резултати што Државната изборна комисија ги објави утрово на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова 362.682 или (40,08%),со двојна предност пред Стево Пендаровски од СДСМ кој освои 180.306 или 19,93%.од гласовите ,Бујар Османи е на трето место со освоени 120.903 или 13,36% од гласовите.

Немам зборови со кои можам да ја изразам благодарноста, овој резултат е инспиративен за мене, порача Силјановска. Оваа власт паѓа, остваривме историска победа изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Приведен криминалец баран со потерница

Тетовската полиција вчера попладнето врз основа на судска наредба, го привеле А.М. (42) од Тетово, кој бил баран со потерница за издржување на казна затвор во траење од 1 година и 6 месеци поради сторено кривично дело.

Како што информираат денеска од МВР лицето е спроведено во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.

Приведени две лица во Тетовско, одзеле пари од казино

Полицијата вчера ги лишила од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено поради сомнение дека околу 4:00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје од вработените одзеле пари.

Како што соопшти МВР, лицата се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

притисни ентер