Новиот стадион на Рома ќе се вика „Франческо Тоти“?

Италијанскиот прволигаш Рома на посебен начин сака да му изрази благодарност на својот долгогодишен капитен легендарниот Франческо Тоти. Според медиумите во Италија, популарниот Тоти ќе добие стадион со своето име во Рим.

Рома до 2016 година се очекува да добие нов стадион , челниците на клубот од Рим наскоро би требало да донесат одлука за името на стадионот на популарната „римска волчица“.

Во плановите на раководството на Рома е стадионот да го носи името на легендарниот „Ел Капитано “ Франческо Тоти.
На тој начин клупското раководства сака да му се одолжи на Тоти за се она што го што го направил за Рома.

Тоти неодамна со голот постигнат на мечот против Џенова стана вториот најдобар стрелец во историјата на Серија – А со 225 голови, а веќе подолг период е најдобриот стрелец во клупската историја.

На вечната листа на најдобрите стрелци во Калчото пред Тоти е само Силвио Пиола со 274 голови.

ФранческоТоти во Рома е од далечната 1992 година, и со тимот од Рим освои се што можеше да се освои во италијанскиот фудбал, но изостанаа успесите во Европа. Иако може да се каже дека сето тоа му се врати во 2000 и 2006 година кога со Италија стана шампион на Европа и светот.
Тоти одлучи целата кариера да и ја посвети на Рома , сопственик е на скоро сите рекорди во историјата на клубот од Рим ,а за навивачите на клубот тој е вистинско божество.

По освојувањето на Мундијалот во Германија одликуван е со орден „Витез од четврти ред“ од страна на својата земја.

Сѐ за лајкови: Го уништил глисерот и за малку ќе го убиел пријателот (ВИДЕО)

Љубителите на „играчки“ на вода велат дека биле најсреќни во животот кога го купиле бродот и кога го продале.

Трошоците за одржување, гориво и обврските што ги носат со себе водните пловила не се воопшто евтини или наивни.

Во случај да уништите глисер, материјалната штета не е занемарлива.Оние кои ги оштетуваат или ги кршат своите чамци обично го прават тоа случајно, што очигледно не е случај со овој човек.

Веселата група направила скара на брегот на езерото и снимила пријател на глисер.Сепак, изгледа не се надевале дека момчето ќе се обиде да вози и на „суво“.

Во еден момент од езерото отишол на земја и за малку ќе ги повредел пријателите.Ги покосил сите работи кои му се наоѓале на патот, а забележително го оштетил глисерот.

За среќа во оваа несреќа нема повредени.

Видеото е објавено на социјалните мрежи каде што има огромен број прегледи.

Сајкоски: Вчера докажавме дека Македонија не толерира некој да ја тероризира

Вчера докажавме дека само заеднички, единствени како никогаш досега можеме да успееме. 

Можеме да успееме заеднички и да прегазиме секој противник, секој оној којшто прави штета на нашата држава и затоа ќе го снајде она што го снајде овој наш противник вчера. Ќе го снајде истото и на 8 мај. Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Mакедонија“, голема победа на македонските граѓани и македонскиот народ. Почитувани кичевчани вие го покажавте револуционерниот дух. Тој никогаш не згаснал во вас. Покажавме дека можеме и дека ќе направиме се, дека имаме храброст, дека имаме елан да се спротивставиме и дека ние сме победнички расположени. Победнички за да ја донесеме Македонија онаму каде што и е местото Им дадовме јасно до знаење дека Кичевчани не толерираат повеќе изживување врз нив. Дека Македонија не толерира повеќе некој да ја тероризира! Ние не толерираме да лажат и крадат. Ние таквите ги казнуваме, истакна на вечерашниот митинг во Кичево носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски.

Тој исто така повика на уште помасовна излезност на 8 мај за да се донесе историска победа за Македонија.

„Сакам исто така да ве повикам на 8 мај да излеземе во што поголем број и да донесеме историска победа на Македонија. Да донесеме историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, потенцираше Сајкоски.

Сајкоски истакна и дека оваа е историска победа бидејќи граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ препознаа луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија.

„Ние почитувани испишуваме историја. Испишуваме историја затоа што првпат од позиција на опозиција води некој политички субјект во Македонија со 180 илјади гласови. Испишуваме историја затоа што во нас препознаа македонските граѓани луѓе коишто се чесни, коишто се трудољубиви и луѓе коишто можат да ја донесат правдата во Македонија“

Тој упати порака и до оние кои не излегоа на гласање дека ако сакаат да живеат во подобра Македонија треба да се придружат во големата победа на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако сме согласни дека треба да имаме подобро здравство, подобро образование, дека инфраструктурата во ИЕ 5 е катастрофална и дека треба да направиме комплетно нова, придружете се. Придружете се во голема победа за Македонија. Придружете се и само така, само единствени може да победиме и може да донесеме влада којашто никој не може да ја уценува и може да донесеме премиер што испорачува. Да испорача да имаме одлична инфраструктура, да бидеме први во регионот наместо последни и да направиме економски бум“, истакна Сајкоски и додаде:

„Поканете го секој, разговарајте со секој затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се политички субјекти којшто мислат добро за сите во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата го заслужува вашиот глас, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ беше и остана браник на македонската државност“, се наведува во партиското соопштение.

Ужасна казна: По 20 удари со стап за две двојки, кои стапиле во интимни односи пред брак(ВИДЕО)

Две двојки кои биле фатени како имаат секс пред брак се казнети со по 20 удари со стап во индонезиската провинција Ачех, каде што е на сила шеријатскиот закон.

Како што објави „Дејлимејл“, тие ги прекршиле строгите закони за односи меѓу половите во најконзервативната провинција во земјата, која има над 275 милиони жители.

Провинцијата Ачех е единствената во Индонезија, најнаселената муслиманска земја во светот, каде што се спроведува шеријатскиот закон. Објавени се вознемирувачки фотографии од спроведувањето на страшната казна, која вообичаено ја спроведува шеријатската полиција „Вилајатул Хисбах“.

На фотографиите се гледа како казнетите жени клекнуваат со наведнати глави, додека мажите стојат додека ги удираат. По извршувањето на казната, на фотографиите се забележани повредите на еден маж. Властите го прегледале за раните и крвавите расекотини на грбот. Пред извршувањето на казната, на осудените им биле извршени лекарски прегледи при што им бил измерен крвен притисок.

Покраинската влада минатата година ги заостри и онака строгите закони за однесување на спротивните полови. На мажите и жените кои не се во роднинска врска или во брак им е забрането да бидат во близок контакт на јавни места или во транспорт. Целта на заострувањето на законот, како што објаснуваат надлежните, е да се формира генерација млади луѓе кои верно ќе се придржуваат до исламските вредности во секојдневниот живот.

- Мажите и жените кои не се во брак или роднинска врска не можат да седат заедно на јавни места, затскриени места или во возила, согласно законот.

Како дел од борбата против дружењето, властите, исто така, наредиле 24-часовните кафулиња да се затворат на полноќ, намалувајќи го најпопуларниот извор на забава во регионот. Градоначалникот на Банда Ачех, регионалниот главен град, предупреди дека ќе распореди шеријатска полиција за да обезбеди усогласеност со новите правила.

Со удари со стап се казнува за злосторства кои вклучуваат интимност или сексуална активност за невенчани парови, секс надвор од бракот, истополови сексуални односи, продажба и консумирање алкохол и коцкање. Камшикувањето долго време е јавен спектакл што се одржува на отворено. Со години, активистите за човекови права повикуваат на прекин на оваа нечовечка и понижувачка форма на казнување.

Организацијата за човекови права Амнести интернешенел изјави дека властите во регионот извршиле најмалку 60 јавни камшикувања на 254 лица во 2020 година. Во 2019 година, една жена и еден маж се онесвестиле за време на егзекуцијата со 77 удари со стап.

- Никој не заслужува да биде брутално понижуван на ваков начин. Камшикувањето е сурово, нехумано и понижувачко постапување и може да биде тортура - изјави Усман Хамид од Амнести интернешнал.

притисни ентер