Надал: Заврши најемотивната недела во мојот живот

Рафаел Надал се враќа во тенискиот врв. „Кралот на земја“ покажа и докажа дека е посилен не само од противниците туку и од повредите. Надал го покори Акапулко и тоа на каков начин.

Шпанскиот тениски матадор го исчисти од теренот четвртиот светски тенисер Давид Ферер.
За надал ова била најемотивната недела во неговиот живот.

„Можам со сигурност да ви кажам дека ова беше најемотивната недела во мојот живот. Дојде во тежок период. Играв во Бразил и Чиле , но не се чувствувам добро. Во Мексико пак бев слободен, здрав и не лимитиран“, изјави надал по освојување на титулата во мексиканското монденско летувалиште Акапулко.

Следна станица во тенисот за Рафаел Надал ќе биде АТП Мастерсот 1000 во Индијан Велс .
За стартниот турнир од мастерс серијата 1000 Надал порача:

-Во Индијан Велс ме очекуваат тешки мечеви. Двојно посилни отколку во Мексико. Исто така се селам на тврда подлога. Ќе видам колку моето повредено колено е подготвено за таква подлога. По настапот во Индијан Велс ќе решам дали ќе играм на турнирот во Мајами.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче

Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид.

Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полскиот парламент го реформира Уставниот трибунал

Полските пратеници почнаа дебата за реформирање на Уставниот трибунал, откако претходната влада ги смени функциите на институцијата.

Критичарите на минатите реформи тврдат дека тие ја поткопале независноста на судството. Новите реформи се услов кој го постави ЕУ да добие милијарди евра од европските фондови.

Брисел одлучи да ги ослободи блокираните средства, иако владата на проевропскиот премиер Доналд Туск не ги заврши потребните реформи.

Уставниот трибунал беше клучна тема по прашањето за судската власт за претходната Влада на партијата „Право и правда“. Функцијата на овој суд е да одлучува за законитоста на донесените закони. /МИА

притисни ентер