УЕФА: Фенербахче еден натпревар без публика и казан од 60 000 евра

Турскиот прволигаш Фенербахче ќе одигра уште еден натпревар пред празни трибини и во касата на УЕФА ќе треба да плати 60 000 евра како казна поради тоа што неговите навивачи пред стадионот користеле пиротехнички средства.

 Фенербахче натпреварот со Бате Борисов во 1/16 финалето на Лига Европа на домашен терен го одигра без публика , но тоа најверојатно не беше доволна опомена за неговите навивачи.

Фановите на жолто црните од Истанбул пред стадионот запалија многу бакљи и пиротехнички средства , по што клубот доби нова казна од УЕФА.
Дисциплинецот на УЕФА изрече нова казна на Фенербахче, турскиот клуб уште еден натпревар во Европа ќе игра без публика и во касата на УЕФА ќе мора да плати 60 000 евра .

Фенербахче казната ќе ја одработи на 14 март кога во Истанбул во рамките на првиот меч од  1/8 финалето во Лига Европа ќе ја дочека Викторија Плзен.

УЕФА воедно информираше дека на Фенербахче му е одредена двегодишна условна казна. Доколку во тој период повторно биде направен некој сличен инцидент на  Фенербахче ќе треба да се соочи со исфрлање од европското натпреварување во кое ќе се квалификува.

Ѓоковиќ доби обештетување од 3 милиони долари од Рио де Женеиро

Новак Ѓоковиќ е побогат за скоро 3 милиони долари откако го доби судскиот спор со бразилскиот град Рио де Женеиро.

Овој бразилски град му должeше пари на Ѓоковиќ од учеството на ревијален натпревар во 2012 година со Густав Куертен. Тогаш Новак требаше да добие 1,1 милиони долари, но му биле исплатени само 650 000 долари, па Ѓоковиќ поднесе тужба.

Седум години откако започна спорот, случајот е затворен. Судот пресуди во корист на српскиот тенисер, а со сите камати , Рио де Женеиро сега ќе мора да плати скоро три милиони долари.

Лига на шампионите ќе го менува форматот!?

УЕФА и Здружението на европските клубови се блиску до договор за промена на форматот на најсилното фудбалско натпреварување на Стариот континент Лигата на шампионите од 2024 година.

Според наводите на англискиот „Тајмс“ во план е зголемување на бројот на натпревари и воведување на уште една групна фаза. Ваква фаза постоеше во периодот на основање на новиот формат на натпреварувањето од 1992 до 2003 година.

На тој начин клубовите кои би ја минале групната фаза би играле дополнителни шест средби за пласман во елиминациската рунда, односно меѓу осумте најдобри во четврт-финалето.

УЕФА со вакво решение и одлука сака да ги натера најдобрите и најбогатите клубови веќе да не размислуваат на идејата за формирање на затворена Суперлига. Но, се поставува прашање како на новиот формат би реагирале клубовите од Англија, кои и онака играат голем број на натпревари. Премиерлигашите и онака имаат густ распоред и практично играат без одмор.

Организаторите за загадениот воздух на Австралија Опен: Виновни се телефонските апликации

Одигрувањето на Австралија опен е доведено во прашање откако организаторите се борат со проблемот со загадувањето на воздухот како резултат на шумските пожари кои ја опустошија земјата.

Првиот ден беше одбележан со откажување на Далила Јакуповиќ, кој имаше проблеми со дишењето и силна кашлица предизвикана од загадениот воздух, но и бројни поплаки од играчите дека не можеле да дишат и дека брзо се умориле. Вториот ден се случи тричасовна пауза поради тешкото загадување на воздухот, аа после тоа да се појават првите шпекулации за евентуално одложување на целиот турнир.

И покрај сè, директорот на Австралија опен Крег Тили изјави дека првиот Грен слем на сезоната ќе започне навреме, како што беше планирано.

„Постојат многу шпекулации дали Австралија опен ќе започне навреме или ќе биде одложен. Турнирот ќе се одржи“, изјави Тили, истакнувајќи дека го разбира гневот на играчите, но исто така додаде дека верува дека има забуна околу различните мерења на квалитетот на воздухот во зависност од која апликација или веб-услуга се користи.

"Прашањето на квалитетот на воздухот е збунувачко и комплицирано. Постојат различни форми на мерење кои се многу покомплексни отколку што можат да понудат телефонските апликации. Важно е да имате доверба во медицинските совети и научните експерти кои секојдневно го анализираат квалитетот на воздухот. Безбедноста, благосостојбата и здравјето на играчите, се наш приоритет “

Според него, системот за мерење на загадувањето треба да ја надмине границата од 200 единици, а тоа никогаш не се случило од почетокот на натпреварите.

притисни ентер