Магат: Гвардиола не може да ја подобри играта на Баерн Минхен

Искусниот германски фудбалски тренер Феликс Магат смета дека Пеп Гвардиола не може да ја подобри играта на Баерн, поради тоа што гигантот од Минхен веќе има врвна игра.

Искусниот германски фудбалски тренер Феликс Магат смета дека Пеп Гвардиола не може да ја подобри играта на Баерн, поради тоа што гигантот од Минхен веќе има врвна игра.
Магат, кој во минатото го водеше и големиот Баерн, истакна дека Пеп Гвардиола во Минхен ќе биде соочен со огромни очекувања од јавноста и навивачите.

„Баерн без дилема ќе добие врвен тренер, но очекувањата ќе бидат енормно големи. Тоа дури може да биде и проблем доколку не се исполнат. Баерн во моментов игра најдобро што може , така што не може да забележам како Гвардиола ќе може да ја подобри екипата. А замислете што ќе се случи ако Хајнкес сезонава ги освои сите три титули. Тогаш што ќе му остане на Гвардиола“ , изјави Магат за германските медиуми.
Баерн во моментов е на врвот на табелата во Бундеслигата со 17 бодови предност пред Борусија Дортмунд.


Гигантот од Алианц арената е многу блиску до четврфиналето во Лигата на шампионите, во првиот меч од осминафиналето во Лондон го совлада арсенал со 3-1.



Пеп Гвардиола кој за четири сезони како тренер на Барселона освои неверојатни 14 трофеи , летово ќе го преземе кормилото на Баерн Минхен со кого потпиша договор до 2016 година./К.Г.


Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

притисни ентер