Ф-1: Ред Бул со краток филм го прослави третиот триумф

Трета година во низа Ред Бул е најдобриот тим во Формула еден првенството. По тој повод раководството ан екипата објави 30 минутен фил за историјата на Ред Бул во Формула еден шампионатот.
Австриската екипа на љубителите на Формула 1 во овој филм им овозможи да погледнат во навистина интересниот свет на шампионскиот тим.

Ред Бул во филмот ја прикажува историјата на екипата од почетокот во 2005 година па се досега до третиот триумф на Себастијан Фетел ,односно како еден тим кој многумина го поврзуваа само со забава и журка ,стана тим кој сите го сакаат и ги прославуваат неговите успеси.

Во филмот можат да се видат и интервјуата на светскиот шампион фетел, неговиот клупски колега Марк Вебер, шефот на тимот Кристијан Норнер и можеби најзаслужниот човек за успехот на Ред Бул Адријан Нуием./К/

<>frame allowfullscreen="" frameborder="0" height="315" src="http://www.youtube.com/embed/cDMVac2nuAo" width="560">

Видео: Пандев даде гол од преку 30 метри со полуволеј, па доби црвен картон

Горан Пандев ја воодушеви фудбалската јавност во Италија и Европа со маестралниот гол на натпреварот против Лече што заврши нерешено, 2-2.

Голманот на домаќините во 30-тата минута лошо расчисти една топка, па Пандев прво одлично ја исконтролира, а потоа упати полуволеј од преку 30 метри, кој беше неодбранлив.  Сепак, сенка на извонредниот потег, фрли црвениот картон што го заработи Пандев во второто полувреме, откако за неколку минути доби два жолти.

Косово се соочува со повеќегодишна суспензија од меѓународните натпревари на ФИФА и на УЕФА

Медиумите во Приштина известуваат дека на косовската фудбалска репрезентација и се заканува протерување од сите натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА во наредните пет години.

Европската и светската фудбалска организација размислуваат да го казнат косовскиот фудбал за обидот да го разрешат претседателот на косовската Фудбалска асоцијација, Агим Адеми и поради обидот политиката да се меша во фудбалот.

„Според некои извори, на Косово и се заканува суспензија од две до пет години, бидејќи луѓето од политичкото раководство на земјата се обидуваат директно да интервенираат и да донесат важни одлуки во Фудбалската федерација на Косово“,извести косовката телевизија РТК.

Доколку дојде до суспензијата, Македонија автоматски би се нашла во баражот за пласман на  Евро 2020 , а Косово би останало без можност да оди на турнирот преку дополнителни квалификации, но и можност да игра на Светскиот куп во Катар во 2022 година.

УЕФА и ФИФА експлицитно го забрануваат мешањето  на политиката во спортот преку нивните статути. Така, во 2014 година, Фудбалската федерација на Нигерија беше суспендирана од меѓународните натпревари поради мешање на владата во работата на федерацијата, а една година претходно истото се случи и со Камерун.

Мексиканецот Руиз ги насамари сите на мерењето со Џошуа (ВИДЕО)

Ентони Џошуа и Енди Руиз Џуниор официјално беа измерени  при што се откри големата тактичка битка што се водеа меѓу екипите на двајцата боксери во тешка категорија.

Џошуа имал пет килограми помалку отколку во јуни, а Руиз, кој тврдеше дека изгубил тежина и со тоа ги измами британските медиуми, се покажа дека е седум килограми потежок отколку во првиот меч.

Во последните неколку недели се пишуваше многу за губење на тежината и исхраната на Руиз. Медиумите објавуваа разни фотографии на кои што се чинеше дека Мексиканецот е навистина ослабнат. Сепак, тоа било очигледно само кампања, бидејќи вагата покажа 128,6 килограми, седум повеќе од минатиот пат.

После тоа тие го направија соочувањето, но без премногу тензија. Прво позираа рамо до рамо, а потоа следуваше краток поглед лице-в-лице.

притисни ентер