СП ракомет: 2 коло во групите А и Б

Втор триумф за репрезентациите на Македонија, Данска и Франција на ракометниот Мундијал во Шпанија.

Нашата најдобра репрезентација во 2 коло од групата Б беше подобра од катар со 34-30, европскиот Шампион Данска го доби дребито на вечерта против силната Русија со 31-27 ,а бранителот на светската круна Франција немаше проблеми против националниот тим на Црна Гора ,четата на Зоран Кастратовиќ е декласирана со убедливи 32-20.

Б група : Македонија – Катар 34:30, Данска – Русија 31:27 и Исланд – Чиле 38:22. Табела: Данска 4 бодови, Македонија 4, Русија 2, Исланд 2, Катар 0, Чиле 0.

А група: Бразил – Аргентина 24:20, Тунис – Германија 25:23 и Црна Гора – Франција 20:32.
Табела: Франција 4, Германија 2, Тунис 2, Бразил 2, Аргентина 2, Црна Гора 0.

Натпреварите во групите А и Б продолжуваат во вторник со дуелите од 3 коло .

Денеска на светскиот шампионат во Шпанија со средбите во групите Ц и Д ќе се комплетира 2 коло:
Ц група : Јужна Кореја – Словенија, Белорусија – Словенија и Саудиска Арабија – Полска.
Д група: Алжир – Хрватска, Египет – Шпанија и Австралија – Унгарија./К.Г

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер