Лидерска средба ќe нема, ќе има меѓусебно информирање

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека лидерска средба за текот на разговорите за прашањето за името најверојатно ќе нема, бидејќи, како што рече во Охрид немало некој посебен исчекор.

- Верувам дека веројатно ќе има средби, односно меѓусебно информирање од страна на министерот за надворешни работи и од моја страна и на претседателот на државата и на шефот на опозицијата, заради тоа што тие заклучуваат дека навистина нема нешто толку значајно што би било основ за лидерска средба. Ние тоа го почитуваме. За нас е важно да бидат сите информирани и да ги споделиме идеите за следните стратешки чекори, изјави Заев денеска по завршувањето на рочиштето за „Поткуп“.

Редот е, како што рече, не само да се информираме, туку и заемно да се консултираме за стратегиите и чекорите кои ќе ги преземеме за конечно да очекуваме национално единство и консензус во државата по вака важни прашања.

На новинарско прашање во врска со ставовите на грчката опозиција и власта во врска неговите изјави околу името, Заев одговори дека водат транспарентен процес и оти и граѓаните треба да знаат.

- Точно е постојат разлики од самиот почеток, постоеле и 27 години, но исто така е точно и дека има исчекор во преговарачкиот процес. Секако до крај не се решени работите. Но, прво е добро што граѓаните од двете земји се поприлично упатени, второ што никогаш не постоеле подобри услови за преговарачкиот процес, ниту пак поголема извесност за изнаоѓање на решение на овој горлив проблем, рече Заев.

Вели дека тој само испраќа порака дека треба да се продолжи посветено со заемана грижа за позициите на другата страна од преговорите.

- Ние да водиме грижа за грчката страна, тие за нашата страна за да можеме на крај да се обидеме да направиме се, со целата креативност што ја имаме за двете страни да бидат конечно задоволни од конечното решение или подеднакво незадоволни, истакна премиерот.

На прашање што доколку не се постигне решение тој одговори дека многу малку или воопшто не размислува што доколку не се дојде до решение.

- Ако не се постигне веројатно ќе продолжиме со разговорите. Реформите и економијата ќе продолжат во државата. Ова е важна лента по која се води Македонија, а и неколку други ленти паралелно се отворени. Знам дека и да не најдеме решение за проблемот со Грција мора да градиме пријателство. Јас ќе продолжам да градам пријателство, ќе подавам рака и ќе се обидувам за два, за пет месеци, за година дена да се изнајде решение. Искрено посакувам да се најде решение заради тоа што имаме многу да работиме во иднина како соседски земји. Имаме многу што да подобриме во интерес на граѓаните меѓу двете земји, така да претстојат многу други задачи покрај овој проблем кој постои меѓу двете земји, рече Заев. /МИА

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер