„Свети Наум како ликовен сон“ - изложба на Бернхард Холеман

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на уметноста, во Музеј на град Скопје вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Свети Наум како ликовен сон“ на австрискиот уметник Бернхард Холеман.

Инспирација за уметникот од Австрија е манастирот од 9 век „Св. Наум“ во чии конаци тој престојувал неколку години во летните месеци.

- Неговите дела создадени за тоа време и на тој простор се културно-цивилизациски континуитет, со несомнен придонес во градењето на европската ризница на културни вредности, соопшти Музеј на Град Скопје, кој првпат годинава се придружува во одбележувањето на Светскиот ден на уметноста кое го организираат Општина Центар и Асоцијацијата за култура ИКОН.

Светскиот ден на уметноста се одбележува на 15 април, денот кога е роден ренесансниот уметник Леонардо да Винчи. /МИА


Ковачевски: Откажувањето не е опција за нас, не е време за откажување

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски.

Не се надевавме на ваков резултат , но не се откажуваме од евроинтеграцијата на државата, рече Ковачевски.

Милан по секоја цена сака напаѓач од Бундеслигата

Откако стана јасно дека Оливие Жиру ќе го напушти „Сан Сиро“, Милан е во трескавична потрага по напаѓач. Последното име интересно за „росонерите“ е Серху Гираси.

Голгетерот на Штутгарт целосно го насочи вниманието кон своите игри оваа сезона. И како да не, кога постигна 27 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања. На високо трето место е тимот на Штутгарт.

А она што е уште поубаво за раководството на Милан е тоа што Гираси има откупна клаузула. И сосема прифатлива за само 17 милиони евра.

Секако, ова привлекува и други клубови, наводно и од Премиер лигата, на кои Милан тешко може да им конкурира кога се во прашање финансиите.

Милан бара и други алтернативи, а интересен е напаѓачот, исто така од Бундеслигата, новокрунисаниот шампион Виктор Бонифас од Баер Леверкузен. /МИА

Мицкоски: Ова е револуција на народот на Македонија, но работата не е завршена

Прењтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Ветував многу работи и сите работи се случија , рече Мицкоски. Ви благодарам од срце, народе на Македонија!

Македонија денеска порача дена народот е против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски. Резултатите ставаат простор за да бидеме задоволни , со голема историска победа . Ова е најдобриот резултат што ВМРО ја имала од позиција на опозиција. Над 600.000 гласаа против власта. Цунамито се крена и им виси на глава.

притисни ентер