Џафери го прогласи Законот за јазиците за донесен (ВИДЕО)

Претседателот на Собранието , Талат Џафери го прогласи Законот за јазиците за донесен по 15 минутната пауза по инцидентот .
Џафери ги повика пратениците да гласаат веднаш по инцидентот со пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и го прогласи законот за донесен со 64 гласа . Пратениците на ВМРО – ДПМНЕ бурно реагираа , но Џафери ја прогласи седницата за завршена .

Претходно пратеникот Никола Груевски се качи на говорницата кај претседателот Џафери и бараше од него да прекине со работата. Тој му ја истури чашара сом вода и го осклучи микрофонот . Се обиде и да му ја земе картичката на Џафери . По тоа Претседателот на Собранието побара обезбедување , кое го тргна Груевски и другите пратеници од ВМРО – ДПМНЕ, собрани на говорницата . 

Пратенокот Данев Драган претходно извести дека имало груба манупулација и дека немало никаква координација за време на получасовната пауза во Собранието. Тој побара почитување на деловникот за работа и свикување на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања за да расправа дали тие имаат деловничко право да поднесат и да расправаат за амандманите за Законот за јазиците.

Џафери рече дека паузата била на барање на Илија Димовски, но ваше е правото дали ќе дојдете на координација.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка, рече дека ваквата мирна атмосфера во Собранието не го одложува проблемот со непочитување на деловникот и со европското знаменце.

- Мислите дека ова не се таложи и собира како проблем. Повикувам на разум. Носите закон не што Илија Димовски не го прифаќа или ВМРО-ДПМНЕ, туку закон што не го прифаќа голем дел од населението. Оваа постапка ќе донесе далекусежни последици, изјави Димевски.

На стартот од продолжението на 32. седница, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери ја прескокна точката за законот за јазиците со која требаше да почне седницата. Наместо тоа, седницата продолжи со гласање по други точки од дневниот ред, по што Џафери објави пауза од половина час за кооринација на пратерниците за понатамошната работа на Парламентот.

Место на улица, ВМРО- ДПМНЕ битката ќе ја води низ институциите

ВМРО – ДПМНЕ нема да им се придружат на демонстрантите низ улиците.

Пратениците на опозицијата остануваат во собраниските клупи да делуваат одвнатре – ова се ставовите на Мицковски по средбата со еден од учесниците на протестите

Воедно на средбата беше изразено разбирање за огромната загриженост на граѓаните околу штетниот договор и последиците кој тој ги носи.

На средбата Претседателот Мицковски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски мерки и принципи кои се во насока на јасно изразените ставови на партијата  во однос на ова прашање. – соопштија од партијата.

Демонстрантите од пред седиштето на партијата на Мицковски побараа оставка од пратениците.

Олумчев изјавата ја даде пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а претходно заедно со останатите протестираа и пред Собранието.

Насобраните граѓани, без транспаренти, но голем дел од нив го вееја македонското знаме и пееја патриотски песни.

Не сакаат да се промени уставното име Република Македонија.

Негодувајќи на потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, го запалија документот. Протестот траеше речиси три часа.

Салвини: За жал Ромите не можеме да ги протераме

Италијанската влада планира да спроведе попис на Ромите кои живеат во таа земја за да се утврди колкав број од нив тука престојуваат илегално, изјави министерот за внатрешни работи.

Меѓутоа, Матео Салвини додал и дека “за жал, италијанските Роми нема да може да ги протера“.

Салвини, лидерот на крајно десничарската „Лига“, за телевизијата „Ломбардија“ изјавил дека неговото министерство го разгледува “ромското прашање“ и сака да види “колку“ Роми има во Италија.

Изјавата на Салвини, предизвикала критика кај Демократската партија која изјавила дека неговиот повик потсетува на “етничко чистење“, пренесува „Ројтерс“.

Тој потоа реагирал со соопштение во кое изјавил дека владата нема намера да прави посебна архива за Ромите или да зема отпечатоци од прсти, туку сака да ги заштити ромските деца, чии родители им забрануваат да одат во локалните училишта.

Додал дека сака да провери како се трошат средствата на Европската унија наменети за помош на маргинализираните заедници.

Салвини минатата недела предизвика “бура“ во Европа кога одби да дозволи хуманитарни бродови со повеќе од 600 африкански мигранти да влезат во италијанските пристаништа.

Поповски: Лажните вести носат пораки на национализам, поделба и раздор

 Лажните вести речиси секогаш носат пораки на национализам, поделба, раздор, конфликт и омраза. 

Проблемот со лажните вести е сериозен и треба посветено да работиме на справување со овој предизвик, порача денеска од Велес министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

- Видовме, не само деновиве, туку и низ годините наназад, колку штетна може да биде пропагандата, дека тие лажни зборови честопати поттикнуваат вистинско и брутално насилство и агресивно однесување, истакна Поповски на форумот посветен на справувањето со дезинформации.

Тој оцени дека завчера, за време на насилните протести во Скопје, но и во континуитет на социјалните мрежи, се шират лажни и вознемирувачки вести вклучувајќи наводни жртви на полициска бруталност, за кои се користат стари фотографии од личности од светот, лажни текстови и постови. 

Говорејќи за поставеноста на Владата за справување со овие предизвици на дигиталното дезинформирање, Поповски го истакна повикот на Владата за конструктивна атмосфера и отворена дебата со граѓаните за секое отворено прашање, без страв, заплашување и притисоци да градат сопствени ставови за секое отворено прашање, посебно акцентирајќи го претстојниот референдум за Договорот со Република Грција.

Според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, лажните вести имаат за цел намерно извртување и манипулирање на јавноста. Тој потсети дека измените во законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги гарантираат услови за професионализација на медиумите и даваат шанса политичарите да ги тргнат рацете од медиумите. 

- Клучот е во новинарска фела, да се саморегулира и се држи до етичките и морални стандарди. Владите и сите политички субјекти мораат да се држат до овие стандарди, нагласи Манчевски.

Директорот на Канцеларијата на УСАИД за општ развој Едвард Гонзалес смета дека граѓаните треба да развијат практика на следење на вести од различни извори и да бидат критични кон информациите кои ги конзумираат, а од друга страна Владата да промовира транспаретност и отчетност.

притисни ентер