Три хороскопски знаци кои имаат неверојатна среќа во љубовта

Три хороскопски знаци имаат среќа во љубовта и секогаш се помеѓу нај вљубените и најсреќните луѓе каде и да се наоѓаат.
Бик
Биковите се среќни добитници во овој круг. Нема да добијат главна премија на Лото, но затоа ќе одберат партнерка за медал. Биковите кои во наталната карта ја имаат Венера во Бик умеат да дадат многу во љубовта, но истовремено ја имаат таа среќа, љубовта често да им биде возвратена. Венера во Бик ја буди сензуалноста, ја зголемува чувствителноста, чувството на допир, чувството на вкус, чувството за мирис, стануваат посилни. Пролетта е пред нас, па слободните Бикови нека се радуваат затоа што љубовта е во воздухот.

Девица
Оние кои вечно анализираат и ве гледаат под око се пример дека имаат повеќе љубов, од памет. Што е финтата со Девиците? Нивната од време на време молчаливост и повлеченост ги привлекува потенцијалните партнери како пеперутки на цвеќе. Мистериозни се и често студени како боза. Не постои таков ретрограден Меркур кој ќе го “зезне” емотивниот дел на Девицата. Можеби таа нема да биде заљубена, но во нејзе некој ќе биде. Бидејќи се големи критичари, Девиците сакаат да одбираат и многу да го анализираат партнерот пред да биде во нивните раце, но кога ќе падне – им нема спас.
Скорпија
На Скорпиите на чело им пишува – жив оган, внимавај да не се изгориш. Тука нема некои дилеми, ако не ја “муваат”нејзе, таа тоа ќе го направи додека да кажете кекс. Таа знае како да ти се насмее, како да се намести и што да ти каже за да те освои. Таа сите пари кои ги има, ќе ги фрли на маса, ќе остане без денар, но на крајот на денот не може да живее без емоции. Затоа ѕвездите ги наградиле Скорпиите – можеби до крајот на месецот ќе живее со помалку пари, но затоа ќе живее од љубов и страст.

Италијански готвач открива како правилно се јаде пица

Постои начин на јадење на пица за кој италијанскиот готвач Стефано Цирен изјавува дека е единствениот вистински начин на консумација.

Додава и дека ретко кој јаде на таков начин.

Италијанците ова јадење го спремаат многу често и со многу внимание. Некој ја сече на триаголници, па со прсти го зема секое парче и грицка од врвот до корите.

Други пак ја сечат и ја јадат со виљушка, трети тргнуваат од средината, бидејќи не можат да го дочекаат најдобриот дел, па се побавно кон кората која на крајот ја оставаат.

Готвачот Стефано Цирен изјавува дека вистинскиот начин е да се преклопи еднаш, па уште еднаш и да се јаде како сендвич.

„Треба да ги стиснете рабовите на пицата, левата и десната страна да се преклопат. Пицата мора да биде мека, никако крцкава. Тоа е улична храна која се јаде во движење. На тој начин ја јадат луѓето во Неапол“ – објаснил за „Дејли меил“.

Авионот на Елвис Присли повторно на аукција

Авионот кој некогаш му припаѓал на Елвис Присли, а кој бил паркиран на пистата во Ново Мексико скоро четири децении, повторно е на продажба.

Елвис, како што се наведува, самиот ја дизајнирал внатрешноста на авионот.

Црвениот авион од 1962 година, нема мотор и неопходна е обновата на пилотската кабина, пренесува „АП“.

Сајтот за аукција „IronPlanet” објави дека авионот со седишта од црвен сомот и црвен тепих се враќа на продажба, откако моменталниот сопственик го купил минатата година за 430.000 долари.

Тврди дека спиела со милион мажи: Порано ми купуваа автомобили, а сега добивам само бакшиш

Триесет и двегодишната Кат Ли од Манчестер тврди дека во својот живот спиела со милион маж за пари.

Со проституција почнала да се занимава на 18 години, откако направила неколку разголени фотографии со својата сестра близначка.

„Имав повеќе од милион клиенти. Почнав уште како тинејџерка. Се започна кога јас и мојата сестра направивме сет разголени фотографии за еден магазин. Подоцна фотографот ни рече дека би биле добри за снимање на филмови, бидејќи сме близначки“ – раскажува таа за „Мирор“.

После скоро 15 години, Кат ја напуштила долгогодишната професија за да се занимава со хуманитарна работа, а воедно да работи и во еден локален паб.

„Чудно ми е бидејќи постојано размислувам како сум можела да работам еден час за 140 фунти, а денеска работам за седум фунти“  - изјавува таа.

„Кога бев ескорт ми купуваа автомобил и ми плаќаа летувања, а сега добивам само 20 отсто бакшиш“ – се пожалила Кат.

„Мојот типичен ден почнуваше во девет наутро. Луѓето го сакаа утрото бидејќи сакаа да се опуштат пред работат. Никогаш не знаев кога ќе биде најголемата гужва, но главно тоа беше навечер, околу 18 часот и во неделите околу 15 часот“ – тврди таа.

Клиентите ги делела на две групи – оние кои бараат друштво и кои спрема неа се однесувале како спрема девојче и оние кои биле агресивни.

„Еден доаѓаше само кога жена му одеше во шопинг, друг ми купуваше автомобили и ме водеше во Париз и Рим. Со него се чувствував како да сум Џулија Робертс“ – изјавува и додава дека во целата кариера имала само една потенцијално опасна ситуацијата кога клиентот ја нападнал и и ги земал парите.

 

притисни ентер