Британија протерува 23 руски дипломати, ги прекинува сите контакти на високо ниво со Русија (видео)

Британија се одлучи да протера повеќе од 20 руски дипломати поради случајот со труење на поранешниот руски шпион.

Како што се наведува, 23 дипломати ќе бидат протерани бидејќи Москва “одбила да објасни како нервниот агенс направен во Русија е употребен за труење на Скрипал во Велика Британија“.

Премиерката Тереза Меј изјавила дека руските дипломати кои имаат недела дена да заминат од земјата, се идентификувани како “непријавени разузнавачки претставници“, пренесува „БиБиСи“.

Владата ќе вклучи и амандмани од типот на Магнитски во законот за санкции, рече Меј и додаде дека владата ќе ги зголеми проверките за Русите што доаѓаат во земјата.

„Нема место за корумпираните елити во Велика Британија“, рече британската премиерка.

Ќе бидат откажани и контактите на високо ниво со Русија, а поканата за министерот за надворешни работи Сергеј Лавров за посета на Велика Британија е повлечена. Министрите и достоинствениците нема да присуствуваат на Светското првенство, пренесе Гардијан.

Меј рече дека може да се преземат и други мерки што нема да бидат објавени.

Таа рече дека Велика Британија сакала подобар однос со Русија, но дека е „трагично“ што претседателот Путин се однесувал вака.

Меј рече дека Велика Британија не е сама и дека разговарале со сојузниците, кои го поддржуваат овој потег.

Британија бара дебата во ОН, рече Меј и додаде дека владата се обидува да овозможи Организацијата за забрана на хемиско оружје да го потврди она што го тврди Велика Британија.

Русија негира вмешаност во обидот за убиство на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.


Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Ја сакате ли воопшто титула?

По елиминацијата од Аталанта во четвртфиналето на Лига Европа, избраниците на Јирген Клоп загубија чекор зад Арсенал и Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер лигата на четири кола пред крајот. 

Од можни четири трофеи веројатно ќе завршат само со еден во англискиот Лига куп.

Арсенал има три бода предност, Сити има два меча помалку, но и бод помалку од Ливерпул и сите на Островот, вклучувајќи го и Јирген Клоп, им е јасно дека ништо не зависи од нив.

Капитенот Вирџил Ван Дијк не го криеше разочарувањето во тимот и соиграчите.

„Дали тие навистина сакаат да ја освојат титулата? Ако играте ваков натпревар, не добивате ниту еден дуел тогаш немаме шанси да ја освоиме титулата. Многу сум разочаран, секој мора да се погледне во огледало и да го погледне својот настап против Евертон и да размисли дали дал се од себе. Очигледно е дека мора да играме подобро против екипи кои се борат за опстанок. Ако играме како против Евертон, немаме шанси да се сметаме за кандидат за титулата, изјави капитенот на Ливерпул. /МИА

Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана

Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата.

Претседателската кампања на Џо Бајден ќе продолжи да користи ТикТок, изјави во средата официјален претставник на кампањата, кусо откако американскиот претседател потпиша закон со кој ќе се забрани апликацијата освен ако нејзиниот кинески сопственик не ја продаде.

Одлуката доаѓа во време кога многу млади и левоориентирани гласачи, значителен дел од базата на корисници на ТокТок, не се задоволни од начинот на кој Бајден се справува со војната во Газа, што ги ескалира протестите на универзитетите низ целата земја.

- Фрагментарното медиумско опкружување бара од нас да се појавиме и да допреме до гласачите таму каде што се, вклучително и онлајн. ТикТок е едно од многуте места каде што сакаме да им ја пренесеме нашата содржина на гласачите, рече претставник на кампањата на Бајден, кој сакал да остане анонимен.

Кампањата ќе користи „напредни безбедносни мерки“ додека ја користи апликацијата, додаде тој. Владата не е работодавач на персоналот во кампањата на Бајден и тие не се занимаваат со прашања за националната безбедност, па им е дозволено да ја имаат апликацијата на своите телефони, рекоа претходно претставници на кампањата.

Профилот на кампањата на Бајден на ТикТок, @bidenhq, објави речиси 120 видеа и има повеќе од 306.000 следбеници. Бајден редовно објавува видеа таму, иако Белата куќа вели дека ТикТок предизвикува „легитимна загриженост за националната безбедност“.

ТикТок планира да поднесе жалба на законот, а извршниот директор на компанијата вчера рече дека очекува да ја добие правната битка за блокирање на законот. /МИА

МД „Илинден“ бара Комитетот за национални малцинства во Тирана да постави повеќејазична табла

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, побара од Комитетот за национални малцинства во Албанија да постави повеќејазична табла како што ветил пред една година, по доставеното барање од друштвото.

-На 31 јануари минатата година доставивме барање до три институции меѓу кои и Комитетот за национални малцинства за поставување повеќејазична табла на оваа институција. Месец дена подоцна Комитетот позитивно одговори на нашетобарање, но еве, помина повеќе од една година, а таблата не е поставена, рече Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Комитетот за национални малцинства е институција формирана од владата, во чиј состав е по еден припадник на деветте малцинства признати со закон во Албанија.

Ѓурѓај потсетува дека кусо по доставениот одговор на барањето на друштвото, повеќејазични табли биле поставени од страна на Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, што било поздравено од друштвото.

притисни ентер