Ќе се подобрува системот за сметководствени податоци на земјоделските стопанства

Прецизни податоци за рентабилноста на фармите, производствените трошоци и остварените приходи, треба да овозможи проектот за надградување на системот ФАДН што денеска го презентираа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и Делегацијата на Европската унија.


ФАДН е мрежа на сметководствени податоци од земјоделските стопанства која со новиот проект во претстојните 18 месеци ќе се унапреди според новата регулатива на ЕУ. Практично ќе се подобри, како што беше речено на презентацијата, користењето на ФАДН податоците за потребите на националната земјоделска политика.

Проектот вреден 800.000 евра, е финансиран од Националната програма ИПА 2013, а ќе го се спроведува МЗШВ во партнерство со италијанското Министерство за земјоделство, прехрана и шумарство, Италијанскиот национален совет за земјоделско истражување и анализа на аграрната економија и полскиот Институт за земјоделска економија и храна.

- ФАДН е единствена база за економско-финансиски податоци од земјоделските стопанства во земјава. Нејзиниото подобрување ќе значи можност за креирање ефикасни земјоделски политики, следење на трендовите и промени во аграрниот сектор во насока на поголеми приходи од што придобивка ќе имаат земјоделците, истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Според него, ФАДН е централен инструмент за следење на економскиот развој на земјоделството и земјоделските стопанства во земјите членки на Европската унија и затоа, едно од барањата во процесот на прилагодување на институциите кон ЕУ е воспоставувањето ваква национална мрежа за прибирање сметководствени податоци од земјоделски стопанства.

Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ најави промени на европските аграрни политики поради Брегзит. Како што рече, овој процес ќе влијае врз буџетот, а тоа ќе значи дека со помалку средства земјите мора да бидат поефикасни.

Амбасадорите на Италија и Полска, Карло Ромео и Јацек Мултановски, изразија задоволство што нивните земји ќе можат да ги пренесат ЕУ-искуствата во Македонија.
За македонскиот ФАДН, прибирањето сметководствени податоци почна во 2010 година со репрезентативен примерок од 300.000 земјоделски стопанства. Лани, репрезентативниот број се зголеми на 700.000, класифицирани по економска големина и тип на производство.

САД ќе ја повлечат својата војска од Нигер

Повеќе од 1.000 американски војници ќе го напуштат Нигер во наредните месеци, објави Њујорк Тајмс.

Американски извори потврдиле дека веќе е постигнат договор за тоа меѓу заменик државниот секретар на САД Курт Кемпбел и раководството на Нигер, пренесува БТА.

Американската војска во Нигер е стационирана во две бази, вклучувајќи ја и базата за беспилотни летала позната како авиоабаза 201, изградена во близина на Агадез во централниот дел на Нигер.

Од 2018 година, базата се користи против милитантите од Исламската држава и Џамаат Нусрат ал-Ислам вал Муслимин, исламистичка организација поврзана со Ал Каеда, во регионот Сахел.

Армијата на Нигер ја презеде власта со државен удар минатата година. Пред пучот, Нигер беше клучен безбедносен партнер на САД и Франција. Но, новите власти во Нигер им се придружија на хунтите во соседните Мали и Буркина Фасо и ги прекинаа воените договори со своите некогашни западни сојузници како Вашингтон и Париз, напуштајќи го регионалниот политички и економски блок ECOWAS. Тие, исто така, започнаа поблиски врски со Русија.

Во наредните денови треба да се разговара за тоа како ќе се одвива повлекување на американските војници војници од Нигер. /МИА

Верстапен најбрз на спринтот за Големата награда на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи во спринтот за Големата награда на Кина.

Второто место го зазеде Луис Хамилтон од Мерцедес со заостанување од 13.043 секунди.

Вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез беше трет со 15.258, секунди послабо време од победникот.

Ова е осма победа на Верстапен во кариерата во спринт.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Кина ќе се вози утре со почеток во 9 часот по македонско време. /МИА

Северна Кореја тестирала тестирала „супер голема“ боева глава и противвоздушна ракета

Северна Кореја денеска соопшти дека тестирала „супер голема“ боева глава за крстосувачка ракета и нов противвоздушен проектил, пренесува ДПА.

Тестот на „супер-големата“ боева глава дизајнирана за стратешката крстосувачка ракета Хвасал-1 Ра-3 и пробното лансирање на противвоздушната ракета Пјољџи-1-2 се извршени во петокот, објавија државните медиуми.

- Преку пробното лансирање беше постигната зацртаната цел, објави агенцијата КЦНА.

Се наведува дека тестовите биле дел од редовните воени активности на Северна Кореја и дека немаат „никаква врска со ситуацијата во регионот“.

Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.

Како одговор на севернокорејската програма за нуклеарно оружје, Соединетите Држави и Јужна Кореја ја зајакнаа воената соработка, вклучително и одржување заеднички маневри. /МИА

притисни ентер