Девојката, инаку спортистка и модел, полудела кога Бен во студентскиот дом и рекол дека сака да ја прекинат врската и со рака го удрил во нос.
Повредениот Бен не се вознемирил околу повредата и користијќи Snapchat го фотографирал својата состојба и ја проследил фотографијата до пријателите.
„Кејти доаѓа со скршен нос“ – напишал под фотографијата на која се уште бил крвав, а потоа уште една на кое го исчистил лицето, а на која јасно се гледа скршениот нос.
Нападот, кој се случил на 1 март во домот, го пријавил.
Полициајта рекла дека Махони го удрила откако тој спомнал прекин на врската. Се обидел да ја блокира раката но не успеал, а после ударот истрчал во студентската соба кај пријателот и побарал помош. Потоа отишол во болница каде му била санирана повредата.
Убавицата – ѕвер која го удрила, обвинета е за напад од трет степен и е задржана со кауција од 1.500 долари.