Во Албанија досега регистрирани над 270 заболени од морбили

Во Албанија, епидемијата на мали сипаници се проширува.
Освен деца до една година, кои поради возраста не се вакцинирани, се зголемува бројот на возрасни погодени од овој вирус.

Во Инфективната клиника во Тирана потврдуваат дека секојдневно, се примаат по седум нови случаи со морбили. Од почетокот на месецов се регистрирани над 50 случаи. А досега во оваа соседна земја официјално се регистрирани 271 случај со морбили.

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

Турнејата на „спајс грлс“ неизвесна

Враќањето на „Спајс грлс“ на сцена ќе чини 150 милиони фунти. 

Секоја од девојките ќе добије по 30 милиони фунти, доколку Викторија Бекам се согласи на тоа.

Засега Бекам ја отфрли понудата, па турнејата може да пропадне.

Како што пишуваат медиумите, причините со во изборот на менаџерот, но и во успешната кариера на Викторија.

Сепак девојките веруваат дека Викторија ќе се предомисли и дека во септември ќе имаат настап.

притисни ентер