Почина Стивен Хокинг најпознатиот теоретски физичар и космолог

Најпознатиот теоретски физичар и космолог на 21 век, Стивен Хокинг почина утрово на 76 годишна возраст во неговиот дом во Кембриџ, објави неговата фамилија.
Во неговата научна дејност тој беше пионер во областа на космологијата, општиот релативитет и квантната механика, автор на многубројни научни трудови во соработка со научници и научни институции ширум светот.

Особено познат по теоретското откривање на хокинговото зрачење, процес според кој црните дупки ’испаруваат’. Тој беше прв физичар кој се обиде да ги објасни физичките закони во  универзумот поврзувајќи ја космологијата со квантната механика и голем поддржувач на теоријата за мултиверзум.

Покрај неговата плодотворна научно истражувачка дејност тој исто така имаше големо влијание на поп културата, беше чест гостин во медиумите и се појавуваше со почесни улоги во Ѕвездени патеки, Симпсонови, Мутурама, Монти Пајтон и др.

Фото: Наташа Беквалац се врати на сцената

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац прв пат по породувањето и скандалот со сопругот Лука Лазукиќ одработи еден настап.

Атрактивната  пејачка со својот сексапилен изглед и настап ја воодушеви публиката на настапот во еден познат белградски сплав.

Федерер со твит го честиташе бодот на Швајцарците

Најдобриот тенисер на светот, Швајцарецот  Роџер Федерер им го честиташе на фудбалерите од националниот тим нерешен резултат против Бразил на Светското фудбалско првенство 2018.

Швајцарија синоќа одигра 1:1 против големиот фаворит и го освои првиот бод на Мундијалот.

-Пристигнав дома на време да го гледам натпреварот Швајцарија – Бразил. Одличен резултат за швајцарски тим. Успех на Бразил на останатите натпревари од турнирот, напиша Федерер на Твитер. 

Турнејата на „спајс грлс“ неизвесна

Враќањето на „Спајс грлс“ на сцена ќе чини 150 милиони фунти. 

Секоја од девојките ќе добије по 30 милиони фунти, доколку Викторија Бекам се согласи на тоа.

Засега Бекам ја отфрли понудата, па турнејата може да пропадне.

Како што пишуваат медиумите, причините со во изборот на менаџерот, но и во успешната кариера на Викторија.

Сепак девојките веруваат дека Викторија ќе се предомисли и дека во септември ќе имаат настап.

притисни ентер