Европратениците го критикуваа Јункер за непотизам

Европарламентарците со остри критики до Жан Клод Јункер за назначувањето на Мартин Селмајер за главен секретар на ЕК.
Парламентарците го обвинија Јункер за нетранпарентност и непотизам при именувањето на Селмајер , а воедно и за давање аргументи на евроскептиците. За дел од пратениците е спорен начинот на кој Селмајер го замени досегашниот секретар , Холанѓанинот Александар Италинер , кој неочекувано поднесе оставка.

Селмајер најпрвин бил именуван за заменик на главниот секретар , а по една минута и за главен секретар .

Тоа било направено зашто Германецот никогаш претходно не работел како управител или заменик управител на некое тело на Европската Комисија , што е предуслов за добивање висока функција во ЕК.
Наспроти противењето на парламентарците , Комесарот за човечки реурси Гинтер Етингер изјави дека Комисијата постапила во согласност со законот и дека Селмајер со своето знаење и искуство одговара на позицијата на која е поставен .

Мартин Селмајер важи за десна рака на претседателот на ЕК , Жан Клод Јункер и во комисијата има репутација на брилијантен ум , но и дека не избира средства за остцарување на своите цели . Тој е демохтистијанин од партијата на Меркел , а во Германија , поради неговите методи на работа го викале Макијавели или Монструм . 

Место на улица, ВМРО- ДПМНЕ битката ќе ја води низ институциите

ВМРО – ДПМНЕ нема да им се придружат на демонстрантите низ улиците.

Пратениците на опозицијата остануваат во собраниските клупи да делуваат одвнатре – ова се ставовите на Мицковски по средбата со еден од учесниците на протестите

Воедно на средбата беше изразено разбирање за огромната загриженост на граѓаните околу штетниот договор и последиците кој тој ги носи.

На средбата Претседателот Мицковски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите демократски мерки и принципи кои се во насока на јасно изразените ставови на партијата  во однос на ова прашање. – соопштија од партијата.

Демонстрантите од пред седиштето на партијата на Мицковски побараа оставка од пратениците.

Олумчев изјавата ја даде пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а претходно заедно со останатите протестираа и пред Собранието.

Насобраните граѓани, без транспаренти, но голем дел од нив го вееја македонското знаме и пееја патриотски песни.

Не сакаат да се промени уставното име Република Македонија.

Негодувајќи на потпишаниот договор меѓу Македонија и Грција, го запалија документот. Протестот траеше речиси три часа.

Салвини: За жал Ромите не можеме да ги протераме

Италијанската влада планира да спроведе попис на Ромите кои живеат во таа земја за да се утврди колкав број од нив тука престојуваат илегално, изјави министерот за внатрешни работи.

Меѓутоа, Матео Салвини додал и дека “за жал, италијанските Роми нема да може да ги протера“.

Салвини, лидерот на крајно десничарската „Лига“, за телевизијата „Ломбардија“ изјавил дека неговото министерство го разгледува “ромското прашање“ и сака да види “колку“ Роми има во Италија.

Изјавата на Салвини, предизвикала критика кај Демократската партија која изјавила дека неговиот повик потсетува на “етничко чистење“, пренесува „Ројтерс“.

Тој потоа реагирал со соопштение во кое изјавил дека владата нема намера да прави посебна архива за Ромите или да зема отпечатоци од прсти, туку сака да ги заштити ромските деца, чии родители им забрануваат да одат во локалните училишта.

Додал дека сака да провери како се трошат средствата на Европската унија наменети за помош на маргинализираните заедници.

Салвини минатата недела предизвика “бура“ во Европа кога одби да дозволи хуманитарни бродови со повеќе од 600 африкански мигранти да влезат во италијанските пристаништа.

Поповски: Лажните вести носат пораки на национализам, поделба и раздор

 Лажните вести речиси секогаш носат пораки на национализам, поделба, раздор, конфликт и омраза. 

Проблемот со лажните вести е сериозен и треба посветено да работиме на справување со овој предизвик, порача денеска од Велес министерот без ресор, задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

- Видовме, не само деновиве, туку и низ годините наназад, колку штетна може да биде пропагандата, дека тие лажни зборови честопати поттикнуваат вистинско и брутално насилство и агресивно однесување, истакна Поповски на форумот посветен на справувањето со дезинформации.

Тој оцени дека завчера, за време на насилните протести во Скопје, но и во континуитет на социјалните мрежи, се шират лажни и вознемирувачки вести вклучувајќи наводни жртви на полициска бруталност, за кои се користат стари фотографии од личности од светот, лажни текстови и постови. 

Говорејќи за поставеноста на Владата за справување со овие предизвици на дигиталното дезинформирање, Поповски го истакна повикот на Владата за конструктивна атмосфера и отворена дебата со граѓаните за секое отворено прашање, без страв, заплашување и притисоци да градат сопствени ставови за секое отворено прашање, посебно акцентирајќи го претстојниот референдум за Договорот со Република Грција.

Според министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, лажните вести имаат за цел намерно извртување и манипулирање на јавноста. Тој потсети дека измените во законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги гарантираат услови за професионализација на медиумите и даваат шанса политичарите да ги тргнат рацете од медиумите. 

- Клучот е во новинарска фела, да се саморегулира и се држи до етичките и морални стандарди. Владите и сите политички субјекти мораат да се држат до овие стандарди, нагласи Манчевски.

Директорот на Канцеларијата на УСАИД за општ развој Едвард Гонзалес смета дека граѓаните треба да развијат практика на следење на вести од различни извори и да бидат критични кон информациите кои ги конзумираат, а од друга страна Владата да промовира транспаретност и отчетност.

притисни ентер