Мичел : САД е вклучен во процесот , решението да го најдат Скопје и Атина

САД е вклучен во процесот, тука се да помогнат и охрабрат, но решението за спорот со името мора да го најдат Скопје и Атина и тоа да биде взаемно прифатливо.

Со оваа порака во Скопје дојде Вес Мичел, помошникот државен секретар за европски прашања, кој е во прва посета на регионот.

Според него, моменталните услови за решение се подобри од било кога, а Македонија направи значителни чекори во таа насока.

- САД се посветени на овој процес и јас самиот сум посветен, во исто време препознаваме дека единственото решение е решението што двете земји ќе го постигнат меѓу себе. Ги препознаваме напорите коишто и Македонија и Грција ги прават, но сакаме да дадеме поддршка на единствен начин. Ова не е наша одлука, ова е одлука ваша и на Грција. Можам да ве уверам дека ќе бидеме вклучени во процесот со наш ангажман, рече Мичел.

Премиерот Заев ја повтори оценката дека процесот е во финална фаза и очекувајќето тој да се реши на достоинствен начин.. Но, доколку преговорите „запнат“, не ја исклучи можноста да побара помош од Вашингтон.

- Кога ви е тешко се викаат пријателите. Ние со Бугарија го решивме проблемот, дај Боже да им соопштиме на нашите пријатели дека постигнавме решение и со Грција прифатливо и за двете страни со зачувување на достоинството и идентитетот. Ќе продолжиме со преговорите, но ако има проблем повторно очекуваме помош од нашите пријатели на принципиелен начин, рече Заев.

Очекувањата се спорот да биде затворен до јули, за Македонија на самитот НАТО да стане 30-та челнка на Алијансата. Мичел без ветувања – вратата останува отворена, но поканата не е поврзана со точен датум или настан.

Ужас во Германија: Четири девојчиња со часови злоставувале глуво девојче во подрум

Криминалистичката полиција во Дрезден спроведе истрага против четири девојчиња на возраст од 12 до 17 години поради сомнение дека злоставувале 13-годишно глуво девојче.

Според германските медиуми, осомничените се државјанки на Украина, кои дошле во Германија кога започнала војната во нивната земја, објави Билд.

Тие се товарат за „противправно лишување од слобода на лице и нанесување тешка телесна повреда“, изјави портпаролот на полицијата Марко Ласке.

Злосторството се случило во близина на парк во Мајсен, во близина на светски познатата фабрика за порцелан во Мајсен. Паркот има игралиште, споменик на жртвите на фашизмот и клупа, а таму често престојуваат голем број луѓе.

Четири девојчиња се осомничени дека во саботата наутро во паркот пресретнале глуво девојче (13) од Словачка, кое минувало низ паркот.

Девојчето поради глувоста не можела да се договори со нив, по што следел ужасот.

„Девојките се осомничени дека го однеле детето во подрумот на блиската опустошена зграда спроти паркот. Таму ја врзале и ја мачеле неколку часа“, изјавил портпаролот на полицијата.

Се претпоставува дека девојчињата цело време го тепале детето, а наводно ѝ нанеле повреди со дрвени и метални шипки.

Глувото девојче го ослободиле дури околу 14 часот, кога успеало да избега. Детето истрчало директно во полиција, а при преглед лекарите констатирале физички повреди.

Девојките биле фатени во близина на местото на злосторството, а полицијата им ги одзела телефоните за да провери дали го снимале нападот.

Мотивот за ваквото брутално насилство не е познат. Жртвата не била ограбена.

Полицијата соопшти дека истрагата се уште е во тек.

(НОВО) ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска –Давкова 44,63%, Пендаровски 19,13 % од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ, на 20,53% од обработените гласови Гордана Силјановска- Давкова има освоено 44,63 проценти од гласовите или 66 482 гласа.

Стево Пендаровски освоил 19.13% од гласовите или 28 490, Бујар Османи 13 ,04% или 19420 , Арбен Таравари 8,53 од гласовите или 12707 , Максим Димитриевски 7,27% или 10831 глас, Билјана Ванковска 4,14 или 6165 гласа , Стевчо Јакимовски 0,79 проценти или 1174 гласа.

СДСМ: Изборите минаа во фер и демократска атмосфера

На прес конференцијата по завршувањето на гласањето за првиот круг на претседателските избори портпаролката Богданка Кузевска констатира дека изборите биле фер и демократски. 

Денеска имавме навистина демократски изборен ден.

Гласањето се одвиваше во фер и демократска атмосфера.

Граѓаните својата волја ја изразија слободно и достоинствено, како што доликува на една демократска земја, членка на НАТО со почнати преговори за членство во ЕУ.

Констатирани се само неколку многу мали прекршувања на изборниот процес кои ги сметаме за исклучоци.

Благодарност до сите граѓани коишто денеска излегоа и го дадоа својот глас.

Правото на слободно одлучување и слободен глас е највредната придобивка на демократијата.

А самото гласање е суштински чин кој произлегува од моќта на граѓаните да одлучуваат за својата иднина и за иднината на државата.

Ги очекуваме изборните резултати. Уверени дека граѓаните и денеска и на 8-ми мај, ќе поддржат европска иднина за Македонија, иднина во која што Македонија е дел од европското семејство, и горда членка на ЕУ.

притисни ентер