Ѕвездите откриваат какви се луѓето со парите според нивниот хороскопски знак

Некој сака многу да троши, некој штеди за црни денови, трети пак разумно располагаат со буџетот, други пак и не се грижат за финансиите.

Овенот заработува пари, но во склад со тоа, вложува големи напори за да ги оствари своите материјални цели. Неговиот став кон трошењето пари понекогаш е мошне детинест и несозреан. Парите ги троши за сопствени задоволства, сака да се покажува и да вози скапи автомобили и да носи скапа гардероба. Гламурозно троши пари и на подароци. И кога нема пари остава впечаток дека има.
Бикот е знак на благосостојба и поради тоа има среќа со парите. Како по правило, скоро секогаш добива наследство или има некои други привилегии – преку подароци или значителни суми кои ги добива од роднините. Но и покрај тоа, како вреден работник, Бикот во текот на животот успева да заштеди голема количина на пари. Никогаш не би дозволил да остане без ниту еден денар и секогаш е спремен да ги “засука” ракавите за да ги исполни своите високо поставени цели. Понекогаш како паничен штедач размислува како да заштеди, но бидејќи сака луксуз, скапа гардероба, патувања и добра храна, извесен дел ќе потроши. Но бидејќи парите како лепак се лепат за неговите прсти тој секогаш ќе има.
Помалку безличниот ум на Близнаците умее да биде клуч на успехот кога станува збор за пари. Иако не спаѓаат во “материјалните” знаци, Близнаците се талентирани и сестрани и со својата интелигенција може да постигне голем материјален успех. Секогаш се снаоѓа, но повеќе тоа е заслуга и на луѓето околу него кои му помагаат – партнерката, родителите или роднините. Умее да троши пари на непотребни работи поради што често паѓа во долгови. Сака да купува и евтини работи, но и тоа како умее да троши и на луксузни.
Ракот поседува вродена деловна интелигенција. Мошне е способен да започне сопствен бизнис и да заработи големи суми на пари. Не ги сака промените, но кога тие ќе настапат, Ракот е добро подготвен и организиран, па вешто ја користи секоја можност за да генерира пари. Секогаш попрво ќе одбере работа која му носи заработка отколку работа која му одговара според неговите афинитети. Тој је способен да троши многу на патувања или на нешто што уште од детството посакувал да го има.
Ако Лавот сака да биде богат мора да ја промени својата идеалистичка природа. Тој се занимава со професија во која повеќе му значи да биде исполнет, отколку заработката. Сите професии кои и служат на јавноста и допринесуваат светот повеќе да ужива му одговараат на Лавот. Како и останатите огнени хороскопски знаци многу троши. Најмногу троши на гардероба, зошто важно му е да биде облечен во последна мода; доста дава и за опремување на куќата бидејќи му е важна удобноста. Првата плата секогаш ја троши на ноќен живот, ресторани и подароци.
Девицата е склона кон стекнување пари во мали рати, упорно и сигурно. Овој знак е многу штедлив и своето богатство го стекнува собирајќи денар по денар. Одлично пресметува и со секоја мала трансакција Девицата ја зголемува својата сметка. Иако на прв поглед изгледа скромно, Девицата сака сѐ што е луксузно и гламурозно, а за остварување на своите соништа ја чува секоја пара. Најмногу троши на куќата, семејството и на патувања, затоа што тоа ја прави среќна. Штеди и знае во што вложува и никогаш не греши.

Вагите се сестрани и интелектуални, иако не им се предвидува голема заработка, нивните способности им помагаат да постигнат добар резултат. За Вагата парите се симбол на удобност и ги троши на патувања, скапа козметика, облека и излегувања. Како комформист вложува многу во домот, но не само во неговата удобност, туку и во скапоцени уметнички предмети и антиквитети.
Скорпијата често добива пари оставени во наследство, но бидејќи е чувствителна кога станува збор за материјални работи, успева и да го сочува тоа што го наследува. Најуспешните бизнисмени се родени баш во овој хороскопски знак. Амбициозната Скорпија парите ја привлекуваат затоа што даваат сигурност, но и висока положба во друштвото; ја привлекува банкарството и финансиите. Парите за Шкопиите се афродизијак кој им го крева адреналинот и ги тера да бидат подобри и поуспешни. Затоа уживаат додека ги трошат и не штедат опсесивно, затоа што знаат дека се способни да заработат и дупло повеќе.
Стрелецот е еден од најсреќните знаци на Зодијакот кога станува збор за парите. Доколку не се збогати, сигурно ќе пронајде професија која му гарантира животен комфор. Ако не е тоа случај, тогаш дефинитивно не постои хороскопски знак кој се снаоѓа полесно од него. Стрелецот е едноставно роден под среќна ѕвезда, и кога ништо не бара добива сѐ. Во суштина парите не го интересираат претерано, тој е авантурист и светски патник и очигледно има повеќе среќа отколку памет.
Бидејќи Јарецот е хороскопски знак на успехот и бизнисот, најуспешен е во материјалниот сегмент на животот. Тој едноставно умее да направи пари, а не мора да биде посебно креативен или необичен, но има самодисциплина и истрајност во своите амбиции, а амбициите секогаш се од материјална природа. Со својата издржливост Јарецот стекнува пари и се збогатува таму каде што другите пропаѓаат или не издржуваат до крај. Успева да пронајде златна средина и разумно троши. Најмногу троши на лични задоволства, вложува во трајни вредности и ужива во својот висок општествен статус кон кој отсекогаш тежнеел.
Водолијата, како хороскопски знак со најизразен интелект во Зодијакот, Водолијата не плаши премногу за финансиската состојба. Во нејзин интерес е да придонесе кон подобрување и прогрес на светот, па и од тоа може доста да заработи. Ни самата не знае колку пари има, но секогаш е спремна на ризик и да инвестира во нешто, за кое само за неа има смисла и логика. А и ако остане без пари, има и од каде да позајми – има огромен број пријатели.
Интуицијата на Рибите е на високо ниво и често се случува да замислат нешто и тоа да се оствари, а притоа ни со прст да не мрднат. Од друга страна, не се доволно амбициозни за материјално да ги обезбедат долгорочните планови. Понекогаш одат во крајност и живеат скромно, само да не мораат многу да работат. Среќна околност е што од семејството и фамилијата добиваат пари, недвижнини, па и вработување. Во трошењето умеат да бидат поголеми расипници и од Лавот и Овенот, го обожаваат луксузот и максималното уживање.

Сајкоски: На 8 мај да излеземе сите масовно и да ја донесеме големата победа на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 5 на денешниот митинг во рамките на претседателската и парламентaрната кампања во Струга потенцираше дека сите заедно треба да се обединат.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 5 на денешниот митинг во рамките на претседателската и парламентaрната кампања во Струга потенцираше дека сите заедно треба да се обединат за идејата за економски развиена држава, за држава со добра инфраструктура, добро образование и добро здравство.

-Сакам да ви порачам една работа која што треба сите да ја сфатиме во периодот што доаѓа, дали сакаме да живееме во подобра држава? Дали имаме раст и развој? Дали сакаме да имаме подобра економија? Дали сакаме нашите деца да останат тука? Ако го посакуваме тоа да се обединиме околу идејата за Македонија развиена држава, околу идејата за Македонија за добра инфраструктура, околу идејата за подобро образование и здравство, зошто и на моите браќа Македонци муслимани од околината и на Албанците што живеат тука и на сите стружани, охриѓани, кичевчани па и на тие и од Битола и од Ресен и од цела Македонија им е потребна добра инфраструктура и поголем економски развој и подобро здравство. Затоа да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ, околу коалицијата „Твоја Македонија“ и да донесеме огромна победа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Сајкоски.

Тој во текот на своето обраќање побара за 12 дена по изборите да се донесе влада како во 90-тите години кога граѓаните излегоа на референдум за самостојна Македонија.

-Да донесеме влада онаква каква што очекувавме во 90-тите години кога излеговме на референдум за самостојна Македонија и на следните избори за 12 дена излезете референдумски, излезете со идеја со онаква каква што излегувавме во 90-тите години, кажа Сајкоски.

На крај Сајкоски порача:

-Излезете сите и оние кои не излегле првиот пат од разни причини. Да се обединиме за заедничка Македонија, за твоја, за наша Македонија, за развиена Македонија, за Македонија која ќе ги врати нашите деца однадвор, но и ќе ги задржи они кои сакаат да си одат од нашата држава. Сите обединете за голема победа на 8 мај, за победа на Македонија, за победа на ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиското соопштение.

Овен Вилсон ја одби улогата во новиот филм за О.Џеј.Симпсон, ќе добиел 12 милиони долари

Овен Вилсон ја одби улогата во претстојниот биографски филм за ОЏ Симпсон, наречен The Juice, пренесува Unilad.

Неодамна починатиот спортист играше во НФЛ и накратко се занимаваше со глума, но најдобро е запаметен по неславното судење во 90-тите кога беше обвинет за убиство на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман. Иако беше прогласен за невин, многумина не се согласија со пресудата, меѓу кои и актерот Овен Вилсон.

Претстојниот филм е опишан како сатиричен трилер кој ќе се фокусира на Даглас МекКен, еден од адвокатите на Симпсон. Режисерот на филмот Џошуа Њутн сакал да го види Вилсон во улогата на МекКен, но актерот ја одбил улогата бидејќи филмот ќе го прикаже Симпсон како невин човек.

"Овен Вилсон е совршен за улогата. Го запознав во Санта Моника. Сите го сакаа сценариото. Неговиот агент сакаше да ја преземе улогата", се сеќава Њутн.

„Му понудивме 12 милиони долари. Но Овен стана на крајот од ручекот и рече: „Мора да се шегуваш со мене ако мислиш дека ќе ја преземам главната улога во филм за тоа како О.Џ. не е виновен за убиство“, додаде тој.

Откако Вилсон не ја прифатил улогата, Њутн рече дека нашол нов актер, но одбил да каже за кого станува збор.

Столтенберг леташе со воен авион Еурофајтер за време на посетата на германска воена база

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја посети германската 73-та тактичка ескадрила Штајнхоф пред претстојниот самит на алијансата во јули во Вашингтон.

Тој се запозна со можностите за брз одговор на таа ескадрила, која е стационирана во воздухопловната база Лаге, и леташе околу еден час со борбен авион Еурофајтер, пренесе Анадолија.

- Воздушната база јужно од Росток е импресивен објект во кој се обучуваат најдобрите пилоти во светот. Затоа оваа база е многу важна за НАТО. Покрај тоа, Лаге игра суштинска улога во различни мисии на воздушната полиција на НАТО, како онаа на Балтикот, и со тоа дава важен придонес за колективната одбрана - изјави генералниот секретар на НАТО, објави германското радио НДР.

Столтенберг посочи дека Германија во рамките на ЕУ ѝ дава најголема поддршка на Украина. Тој особено ја пофали неодамнешната одлука да ѝ се даде на Украина уште еден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ и да се обучат украински воздухопловни екипажи за тоа. Тој нагласи дека соработката во развојот на новите воени технологии е важна, оценувајќи дека е добро што Европа и Северна Америка го зголемија производството на одбранбена опрема. За време на посетата на Лаге, Столтенберг леташе еден час со борбен авион Еурофајтер.

- Со нетрпение очекувам да летам со Еурофајтер - објави Столтенберг пред летот.

Авионот со Столтенберг и пилот на воздухопловните сили полетал во 12:22 часот по локално време, а летот траел околу еден час, објави весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. По слетувањето, генералниот секретар на НАТО рече дека е многу импресиониран од компатибилноста на оружјето на различните земји од алијансата, истакнувајќи дека имал можност да види „вистински пример за интероперабилност на НАТО во пракса“, кога германски авион -танкер наполнил гориво на два шведски борбени авиони во воздух, додека учествувале во вежбата.

притисни ентер