Пијанистот Дино Имери ќе потпише договор со „Кристофориум Арт"

Пијанистот Дино Имери в недела ќе настапи во Државниот архив во Загреб во организација на „Кристофориум" и ќе потпише ексклузивен договор за застапништво со хрватската менаџерска куќа „Кристофориум арт" (Cristoforium.Art).

Таа е основана од директорот Данијел Гашпаровиќ кој лично ги водел преговорите со нашиот млад пијанист, кои резултираа со ексклузивно застапување на територијата на Хрватска, но и можности за интернационално застапување.

Менаџерската куќа за краток период од постоењето бележи успех застапувајќи познати хрватски и светски уметници од рангот на Андреј Коробејников, Андреј Гугнин, Александар Књазев, Аљоша Јуриниќ, Штефан Владар.

Концертот на Имери во Загреб е поддржан од Амбасадата на Македонија во Хрватска. Во периодот што следува пијанистот ќе има повторна соработка со Софискиот филхармониски оркестар, настап со оркестарот на Музичка младина на Македонија и рецитали во Македонија и странство. /МИА

Ученик влегол со нож во училиште во Милано и ја барал наставничката, нејзин колега настрадал

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил вчера, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.

Георгина и Роналдо објавија снимка од плажа- веднаш добија 3 милиони лајкови (ВИДЕО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.

„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото како шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.

Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одмор на кои се гледа како се забавуваат, попишувајќи ги: „Среќа“.

Јанчев: Кавадарци ја доби наградата „Зелени шампиони“ на Западен Балкан

Мрежата на асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа на општина Кавадарци ѝ додели награда за проектот „Практики за одржливо земјоделство“.

Кавадарци наградата „Зелени шампиони“ за Западен Балкан ја доби за поставување на 18 агрометеоролошки станици за рана детекција на болести на винова лоза, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер