Втор ден протести во Бугарија – поддршка за докторот кој уби крадец

Веќе втор ден низ Бугарија се одржуваат протести во знак на поддршка на докторот , кој во својот дом застрела крадец.

На денешните протести за поддршка на докторот Иван Димитров , кој уби Ром , крадец додека ја ограбувал неговата куќа , граѓаните побараа измени вп Кривичниот законик . Бараат да се воведе пслободување доколку се работи за нужна самоодбрана. Повикаа да бидат затворени кратците , а не чесните граѓани кои си го бранат својот дом .
Со пароли ,, Мојот дом е моја тврдина “ , демонстрантите ги повикаа пратениците да ги сменат законите , а докторот веднаш да биде пуштен од притвор.

Сопругата на убиениот крадец од Пловдив вели дека не се плаши за својата безбедност и оти секој што ќе проба да ја нападне ќе го застрела во нога.

Докторот денеска беше пуштен во домашен притвор , а обвинителството го товари за убиство при неизбежна одбрана , како и незаконско поседување оружје.

Во негова одбрана излегоа и членовите на Лекарската и на Стоматолошката комора.

Докторот Димитров во неделата ноќта околу 3 часот го убил крадецот , кој со уште двајца го ограбувале неговиот дом , додека неговата сопруга и двете малолетни деца спиеле.

НАСА бара поевтин начин за земање примероци од Марс: Мисијата е прескапа и неефикасна

НАСА бара поевтин, поедноставен пристап кон еден од нејзините најголеми научни приоритети - носење на Земја на скапоцени примероци од почвата собрани на Марс, соопштија претставници на американската вселенска агенција.

Официјален повик за предлози ќе биде испратен денеска до различни центри и лаборатории на НАСА, како и до компании од вселенската индустрија, со цел да се реконструира програмата во услови на ограничувања на трошењето и зголемување на трошоците, соопштија директорите на НАСА, а пренесува Ројтерс.

Претставниците на Агенцијата во конференциска врска со новинарите рекоа дека очекуваат да бидат поднесени алтернативни планови оваа есен или почетокот на зимата.

Помошникот администратор на НАСА, Ники Фокс, рече дека плановите ќе се фокусираат на „иновации и докажана технологија“, наместо на нови технолошки скокови, како дел од намалувањето на ризикот и трошоците.

Повикот за редизајн на стратегијата за носење на примероците од Марс доаѓа по независниот преглед нарачан од НАСА во септември минатата година, по што заклучиле дека мисијата од самиот почеток следела нереални буџети и очекувања.

Анализата покажала и дека организацијата на мисијата е гломазна и дека не се спроведува ефикасно.

Мицкоски од Гевгелија: На Македонија ѝ треба претседател а не измеќар на ДУИ

„Македонија е пред историска одлука. Ова се повеќе од обични избори каде се носи судбоносна одлука за иднината на државата, за вас и вашите семејства. “

„Македонија е пред историска одлука. Ова се повеќе од обични избори каде се носи судбоносна одлука за иднината на државата, за вас и вашите семејства. Ова се избори каде директно вие одлучувате за вашите судбини и со вашиот глас ја враќате контролата над државата која ви е одземена“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гевгелија.

Мицкоски додаде дека најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот, е киднапиран и одземен од контролата на народот. Тој сега служи на стотина души од ДУИ кои управуваат со Македонија и на нивните слуги од СДСМ.

„Нема ниту една услуга која системот треба да ви ја обезбеди, а да не мора да ја добиете на потешкиот начин или воопшто да не ја добиете. Корупцијата е најшироко рапсространета. Денес мито се бара за најобични услуги кои системот има обврска да ги обезбеди. Криминалот стана нормална појава во институциите“, рече Мицкоски.

„Погледнете, нема тендер кој не е сомнителен. Се договораат во 4 очи, а парите завршуваат во десетина фирми за кои ако се прочепка сопственичката структура ќе видите дека тое се блиски луѓе на власта“, нагласи тој.

Тој посочи дека СДСМ му ја поклони државата на Али Ахмети, Артан Груби и Талат Џафери. Тоа е поради тоа што власта СДСМ ја купува на дневно ниво. Нивната слабост ја покриваат со милион услуги кои им ги вршат на ДУИ и станаа заеднички соучесници во разграбувањето на државата.

„Затоа овие избори се и за тоа да си ја вратиме Македонија во рацете на народот. Промените се во ваши раце, за да Македонија биде повторно твоја, повторно ваша. Македонија мора да ја направиме горда. Или тие од власта или народот. Или нивна или наша заедничка“, порача Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека 24-ти април е одговорот. И цврсто е уверен дека ќе им се случи народ. Затоа што предолго го потценуваа и газеа. Затоа што предолго го потргнуваа настрана и правеа место единствено за нивните од власта.

„Затоа што не потценуваат и ја навредуваат нашата интелегенција кога велат дека ќе продолжат да владеат како до сега. На нивната стратегија како до сега, народот на овие избори ќе им каже готово е. Доаѓа крајот“, укажа тој.

„Затоа потребно е масовно да се излезе и да се гласа за идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова. Гордана е решението за претседател на Македонија. Жена со принципи која непоколебливо верува во правдата, во вредностите и во Македонија. Која има свој став, и таа до крај се бори за него, затоа што верува во него. Гордана покажа лојалност кон своите принципи и е еден од најдобрите експерти и познавачи на уставното право и политичкиот систем, работи кои овие години најмногу беа поганети од оваа власт во заминување. На Македонија и треба претседател а не измеќар на Али, Артан, Бујар, Талат и останатите од ДУИ“, порача Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Николоски: Пендаровски е свесен дека го чека огромен пораз и затоа навредува

Пендаровски навредува на најнизок можен начин и тоа покажува во какво бунило е и е свесен дека поразот ќе биде огромен. Пендаровски не одговори на ниедно од прашањата кои му ги поставуваме. 

Сака да се претставува како чесна личност, а е најдволичниот човек кој се занимава со политика, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ4, Александар Николоски на митингот во Гевгелија.

Николоски истакна дека веќе сме скоро на недела дена до гласањето, а Пендаровски не одговори на три клучни прашања.

- Прво каков е тој чесен човек кој потпишува измени на кривичен законик со кој се амнестира високиот криминал и корупција во Македонија? Второ каков е тој чесен претседател кој збор нема кажано за ниедна афера на СДС и ДУИ, а особено на ДУИ? Трето каков е тој чесен претседател кој прифаќа кампањата да му биде финансирани со народни крадени пари? – вели Николоски.

Николоски нагласи дека Пендаровски исто така должи одговор и на цела јавност што стори изминативе 5 години, по што ќе го паметиме освен распродавање на македонските национални интереси?

- Дали успеа да ја претстави Македонија добро надвор? Дали се бореше Македонија внатре? Дали бараше повеќе ред и правда, дали влијаеше во судскиот и обвинителскиот совет да има владеење на право или можеби донесе странски инвеститор? Одговорот сите го знаете, тоа е едно големо НЕ. Исто и СДС и ДУИ со прст не мрднаа, камен немаат ставено, во Гевгелија не може да видиме една работа која ја имаат направено, рече Николоски.

Николоски додаде дека затоа во корона кризата истиот кој е носител на СДС во ИЕ 4, Венко Филипче беше министер за здравство и исто како сега ангажираше пиар агенции да му водат личен пиар и да го промовираат во јавноста не дојде ниеднаш во Гевгелија да се соочи со суровата реалност, а тоа е дека 131 човек го загубија животот во тие две години на пандемија на корона, додека тој водеше лична промоција.

- Тоа го нема во ливчињата кои ги добива од агенцијата Рејтинг за која плаќа по 100 евра од текст во медиумите кои објавуваат за Филипче. Пред некој ден имаше 18 текста, тоа за еден ден е 1800 евра. Тоа не се негови пари, тоа се ваши пари кои ги искрадоа во годините наназад. Затоа не треба никому да е чудно што македонското здрваство е на историски најниско ниво, а прв пат се случува 400 млади лекари на специјализација да излезат на протест и никој не сака да ги слушне, изјави Николоски.

Николоски посочи дека Филипче не одговори која е неговата улога во случајот со Онкологија и семејството Пановски каде терапија не беше давана на болни од карцином, до денес не одговори колкава е провизијата која ја зеде од компанијата Стабри регистрирана за трговија со јужно овошје за вакцините кои никогаш не стигнаа во Македонија па мораше македонските граѓани да одат во Србија и Бугарија.

Не одговори ни каква е неговата улога за притисокот на сопственик на приватна болница да ја продаде на бизнисмен од Гевгелија или најболната за пожарот во модуларната во Тетово каде 14 луѓе го изгубија животот. На ова ќе мора да се даде одговор, изјави Николоски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер