Адвокатот на Трамп сепак и го купил молчењето на порно ѕвездата

Порно ѕвездата Сторми Даниелс сепак добила 130 000 долари од адвокатот на Трамп за да молчи за нивната врска.
Претходно , Мајкл Коен изјави дека такво нешто не се случило . Но , денеска тој призна дека во 2016 и платил 130 000 долари на порно ѕвездата за да потпише договор пред изборите со кој се обврзува дека нема да зборува за нејзината врска со претседателот Доналд Трамп.

Но , во јавноста се појавија жешки делови од нејзиното интервју од 2011 година , во периодот кој не е опфатен со договорот.

Како што изјави денеска адвокатот , исплатата била легална и не била дел од парите за кампањата на Доналд Трамп. Американскиот претседател имал врска со порно ѕвездата во 2006 година , веднаш по породувањето на Меланија Трамп .

Атрактивната Сторми Даниелс , која глуми во над 150 порно филмови , вели дека во тоа време Доналд Трамп ја молел да ја продолжат врската .

Во денешната изјава на Коен , кој е долгогодишен адвокат на Трамп , тој вели дека секогаш ќе ги заштитува неговите интереси .

Гром “спржи“ автобус во Грција

Меѓуградски автобус изгоре од удар на гром на североистокот на Грција.

Меѓуградски автобус изгоре од удар на гром на североистокот на Грција, а притоа ниту еден од патниците не бил повреден, соопшти грчката противпожарна служба.

Ова се случило на патот од Александрополис до Орестијада, оддалечена околу 20 километри, во близина на границата со Турција.

Громот удрил во автобусот за време на врнежите во попладневните часови.

Автобусот се запалил, а возачот го запрел возилото и ги евакуирал 12 патници и кондуктерот.

Како што пренесува „АП“, нема повредени.

Пожарот го гаснеле 18 пожарникари со шест противпожарни возила.

Прекин во снабдувањето со вода на дел од Гостивар

Гостиварското јавно комунално претпријатие „Комуналец“ за утре најави повеќечасовен прекин во снабдувањето со вода за пиење на дел од градското подрачје. 

Причината како што наведуваат од таму е санирање на дефект.

- Прекинот е заради изведување поправки на цевководот во близина железничката станица. Планирано е тој трае до пладне, односно до поправка и и негово оспособување. Во овој период дел од корисниците во градот кои се снабдуваат со вода од градскиот водовод, нема да добиваат вода, информираат од ЈП Комуналец.

Покрај тоа, за утре се планирани прекини во снабдувањето со вода за пиење на целото гостиварско подрачје.

- Тоа е планирано да почне од утринските часови. Прекините ќе бидат во функција на пробно пуштање во работа на пречистителната станица и подготовките за редовно снабдување со филтрирана вода. Од овие причини бараме разбирање од граѓаните, потенцираат од ЈП „Комуналец“.

Сончево, температура до 32 степени, попладне нестабилно

Времето претпладне ќе биде сончево со мала локална облачност. 

Попладне облачноста ќе се зголемува главно во планинските региони на север и на запад, каде ќе има услови за краткотрајна нестабилност, некаде проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16,  дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне сончево со мала локална облачност, а од пладневните часови и во Скопската котлина ќе се зголемува облачноста, која во планините ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе биде 14, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Во следните денови ќе преовладува стабилно и топло време, а во попладневните часови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Температурите нема многу да се менуваат, а ветерот ќе биде главно северен. /МИА

притисни ентер