Анализа на Kанал 5 : Kои се прашањата што остануваат на преговарачката маса ?

Ден по вчерашниот Виенски маратон ден за анализа. Кои прашања од преговорите за името можат да се сметаат за надминати, а кои, остануваат жешка тема за разговори.Анализа на Гоце Михајловски .


Што во спорот со Грција се смета за затворено прашање, што се уште е предмет на преговори и кој би можел да биде компомисот.
1. Основното прашање е името.. Оваа точка можеме да ја сметаме за затворена или барем за точка која најлесно ќе се затвори.
Од 5 те предлози што на маса ги стави Нимиц, како што објавивме екслузивно уште пред неколку недели – два веднаш беа отфрлени. Од грчка страна Република Македонија Скопје, од македонска предлогот Република Нова Македонија.
Остануваат три опции.. Од нив, најмалку шанси има Вардаска Македонија, бидејќи асоцира на српското владеење на овој простор. Најмногу против се Албанците.
Како реални опции остануваат Северна и Горна Македонија. Тие два предлози се во рамктите на позициите на двете земји – Заев рече дека за владата е прифатлива географска одредница, а за Ципрас е прифалтиво сложено име со географска одредница со терминот Македонија...
Од тоа како стојат во моментов работите, многу многу поголеми шанси има Горна Македонија да биде решението... Ние му даваме 90 проценти и сите останати прашања ќе ги базираме на тоа решение..
Доколку тоа биде случај, нашата земја ќе биде втора во историја со ваква одредница. Првиот пример на денешната западноафричка земја Буркина Фасо, која до 1984 година се викала Upper Volta. Вака била именува бидејќи се наоѓала на горното течение на реката Волта.

Она што се уште е отворено прашање е дали името ќе се преведува.
Грчката страна бара да не се преведува, за да се потенцира словенскиот карактер на земјата. Но против е македонската страна и особено Албанците. Ова лично на средбата со Нимиц, му го потенцирал и пратеникот Артан Груби.
Предложените имиња од Нимиц се на македонски јазик напишани на латиница, но тој во едно од интерјуата кажа дека во неговиот предлог има и одредби каде и во кои случаи ќе се преведува, кои се уште не се јасни.
За ова сепак има оптимзам дека може да се најде компромис. Впрочем ние и сега во уставот сме Република Македонија, напишано на кирилица, па светот на препознава како Republic of Macedonia. Слично би било и со новото име.

Но, она што е најголем проблем во моментов и за што најмногу се преговора е опсегот на употреба на новото име.. се чини дека од ова прашање ќе зависи дали ќе има договор или не.

Македонската страна, повикувајќи се на Резолуцијата на Советот за безбедност, е на позиција дека заемно прифатливото решение за името треба да се користи во ОН и меѓуанродните односи, додека пак Грција е на позиција дека името треба да биде едно и едиснтвено и да се користи и за внатрешна употреба...

Со оглед на тврдите позиции, ниту едната, ниту другата позиција немаат изгледи да бидат прифатени во целост.. Очигледно, за да има договор, ќе мора двете страни да отстапат..


Има повеќе варијатни, но онаа на која и се дава најголеми шанси, а е блиска и до предлогот на Нимиц е фазно решение за опсегот:

1. фаза: името да се користи за надворешна употреба
2. фаза: по приемот во ЕУ да се користи и за внатрешна употреба
Зошто е ова најверојатниот компромис?
На ваков начин Ципрас ќе може во грчката јавност да го продаде решение кое е во рамките на нивните позиции, а од друга страна Македонија ќе може да се заштити од евентулани нови барања на Грција до приемот во ЕУ.
Да не заборавиме, Македонија е подготвена за компомис, токму поради аспирациите да биде дел од ЕУ и НАТО.
Секако дека евентуален ваков компомис за нас е неповолен и оди во корист на грчките позиции, но многу е веројатно кон крајот на процесот да бидеме исправени пред дилемата земи или остави.

Второто отворено прашање за кое разликите се најголеми е барањето за промена на Уставот.

Тука нашата дипломатија покажа поголем успех и е на добар пат да го одбрани.. Пред неколку недели Коѕиас бараше промена на преамбулата и два члена од уставот, но откако беа соочени со аргументите дека спорните за нив членови 3 и 49 во кои се говори за грижата за македонското малциснтво во соседството и менливоста на границите, уште во 1992 година преку амандамни се сменети и дополнет, Ципрас пред неколку дена спомена промена на Уставот само во контекст новото име да биде запишано таму.

Грција бара промена на уставот и како гаранција за одржливоста на решението, но и тука нашата дипломатија е на добар пат да ги убеди дека потпишаниот меѓународен договор, кој ќе биде депониран во ОН практично ќе има поголема сила и од уставот, во кој се можни промени во секое време со 2/3 мнозинство во Собранието.

Што се однесува до за нас најважното прашање идентитетот, тука се чини извојувана е клучната битка. Именувањето на јазикот и народот ќе останат македонски, со опција за превод.

Она што е можно да биде проблем е графата nationality во пасошите. Проблемот произлегува од двојното толкување на поимот, кој одреден контекст значи државјанство, во друг значи националност.
Примерите се различни. Еве неколку - Во посошот на САД, во таа графа стои името на државата.... исто е и во пасошот на бугарија.....во британскиот пак стои британски државјанин...
Но, во хрватскиот стои хрватско, во кандскиот кандаско.. Така е и во грчкиот, стои хеленик, односно грчко, а така е сега и во нашиот, во графата стои македонско.

За останатите точки од пакетот се чини веќе има решение.

Кратенките ќе останат МКД и МК, а за трговската употреба никој ќе нема еклузивитет врз терминот Македонија, па под овој бренд ќе може како македонско вино на пример да прозиведуваат и нашите винарии, но и грчките.

На крајот можеме да заклучиме дека шансите за успех на процесот веројатно во моментов се поголеми отколку процесот да пропадне, но дури ги има, се е можно.

Доколку се најде решение за спорните точки, нашата симулација покажува дека новата лична карта на земјава би изгледала отприлика вака:

Име: Република Горна Македонија (само за меѓународна употреба до приемот во ЕУ и рефендумот)

Идентитет: македонски јазик, македонски народ

Државјанство: македонско/ државјанин на Република Горна Македонија

Кратенки: МКД, МК

Трговска употреба: без екс

Фото: Холивудски ѕвезди фатени на дело!

 Холивудските ѕвезди актерките Џенифер Анистон (55) и Сандра Булок (59) продолжуваат да ја освојуваат публиката со својот физички изглед, а долго време се шпекулира дали направиле пластична операција

Јавноста се уште се прашува дали овие убавици и во шестата деценија се навистина природни и едноставно прекрасно стареат.

Двете холивудски убавици пред два дена се забележани како ја напуштаат познатата клиника за пластична хирургија во Гринич, а друштво им правеше Аманда Анка.

Инаку оваа ординација е специјализирана за кревање на горниот и долниот дел на лицето, а цените за таков зафат во зависност од третманот се движат од 50.000 до 100.000 долари по третман.

Подигнувањето на веѓите и очните капаци е нешто поевтино, а цената на овој третман е околу 30.000 долари.

Познатите дами посетија ординација на познат хирург чија специјалност е „подмладување на лице и ринопластика“, како што е наведено на веб-страницата на клиниката.

Тајланд воведува данок за богатите пензионери од Западот

Според новиот тајландски даночен закон, сите даночни резидентни кои ги остваруваат своите приходи во странство, а трошат пари на Тајланд, во иднина ќе мора да плаќаат данок.

Овие одредби важат не само за тајландските граѓани, туку и за илјадници странски пензионери кои ги поминуваат пензионерските денови на Тајланд. Меѓу нив има и многу пензионери од Европа, а пред се од Германија.

Пензионерите живеат удобно на Тајланд од заштедите и приходите што ги заработиле додека работеле во своите матични земји.

„Ова е многу тежок удар за германските пензионери“, вели даночниот советник Мартин Либенов од меѓународната ревизорска фирма Мазарс во Бангкок, пренесува Тпортал.

Пензионерите не се единствените што се погодени. Ова е тежок удар за секој што ќе се пресели во Тајланд и ќе живее од своите заштеди и приходи од странство, без разлика дали се пензионери или е некој од многубројните дигитални номади, вели Либенов. /МИА

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто полугодие од 2023 година, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата во земјава изнесувала 7.289 денари по KWh, што претставува пораст од 8.2 % во споредба со првото полугодие.

Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6.756 до 12.393 денари по KWh по групи на потрошувачи.

Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 36.858 до 48.300 денари по нм3 по групи на потрошувачи.

Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 51.257 денари за nm3.

притисни ентер