Со бесплатен јавен превоз Германија ќе ја намалува аерозагаденоста

Германската влада ги разгледува плановите за воведување бесплатен јавен превоз во градовите со аерозагаденост.

Идејата беше испратена во писмо до Еврокомесарот за екологија Кармену Вела , потпишано од Германскиот министер за животна средина , Барбара Хендрикс, министерот за земјоделство , Кристијан Шмит и државниот секретар Петер Алтмајер.

Во писмото се предлага воведување бесплатен јавен превоз во градовите сом проблеми со загадувањето , за да се намали употребата на автомобили , дополнителни субвенцииза електрични автомобили , како и технички прегледи за постоечките возила .

Овие мерки ќе бидат испробани во Бон , Есен , Херенберг,Ротлинген и Манхајм . Од Владата велат дека веќе бил постигнат договор со локалните власти , иако шефот на советот на Германските градови смета дека е изнендаден од ваквата идеја. Хелмут Деди вели дека знаел за намалување на цената на билетите во некои градови , но доколку треба превозот да биде бесплатен , тогаш трошокот ќе треба да падне на Федералната влада.

Најголемниот дел од јавниот транспорт во Германија е во сопственост на локалните власти .

Столтенберг во дводневна посета на Германија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во посета на Германија. 

Како што соопшти НАТО, престојот во Германија Столтенберг ќе го почне со посета на седиштето на 73-от Тактички воздухопловен винг на германското Воено воздухопловство на аеродромот „Лаге“ во покраина Мекленбург-Западна Померанија во североисточниот дел на земјата.

Од аеродромот „Лаге“ крај Росток, Столтенберг попладнево ќе отпатува во Берлин каде ќе се обрати на настан во организација на невладината организација „Атлантик-Брике“, по што ќе има средба со германската сојузна министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.

Столтенберг утре ќе им разговори со членови на комисиите за надворешни работи и за одбрана на Бундестагот, а посетата на Германија ќе ја заврши со средба со германскиот канцелар Олаф Шолц. /МИА

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) денеска официјално ќе ги додели грантовите на добитниците од третиот повик, за стручно образование и обуки изработени во соработка помеѓу претпријатијата и установите за стручно образование и обука во регионот.

На настанот што ќе се одржи во просториите на Стопанската комора на Македонија, ќе присуствуваат: Антони Пешев, извршен директор, Стопанската комора, Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава, Лусиен Аегертер, заменик шеф на мисијата при Амбасада на Швајцарија во Македонија, Мориц Реме, директор на Канцеларијата на Германската банка за развој во Македонија и Косово, Татјана Штерјова Душковска, генерален секретар и Јелена Маниќ Радоичиќ, заменик раководител на тимот, Регионален фонд за предизвици.

По три отворени повици, Регионалниот фонд за предизвици се обврзува да поддржи вкупно 16 проекти со 85 партнер претпријатија во Северна Македонија во износ од 7,13 милиони евра.

-На третиот повик за предлог проекти, пристигнаа 155 изјави на интерес од земјите на Западен Балкан, од кои 25 беа од Македонија. Комисијата за избор одлучи да ги финансира двата најуспешни проекти од Македонија со вкупен износ од 951,905 евра. Овие средства ќе се искористат за подобрување на инфраструктурата на образовните установи и за обезбедување обука на учесниците во програмата за кооперативно образование, наведуваат од

Регионалниот фонд за предизвици (РЦФ) ја поттикнува одржливата конкурентност на бизнисите од Западен Балкан 6 на патот кон единствениот пазар на ЕУ финансиски поддржувајќи го стручното образование кое во соработка со претпријатијата треба да одговори на потребите од одредени вештини. /МИА

Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

притисни ентер