Галиите ќе се дислоцираат од Вардар заради безбедносни причини

Предвидената дислокација на галиите, прскалките, фонтаните и врбите од Вардар ќе се прави исклучиво заради безбедносни причини, иако и нивната естетика е сомнителна, оцени денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Тој посочи дека коритото на Вардар е капитален проект изграден по поплавите во Скопје во 1962 година со цел да се спречат идни поплави и оти во него не смее да има препреки.

- Со тој проект е предвидено коритото да може да апсорбира 100-годишни води и е изградено на три нивоа. Секое намалување на коритото е опасност од поплави, а никако не смее да има препреки во мајнор коритото каде се поставени галиите. Токму затоа се одлучивме и го отстранивме земјениот насип поставен пред првата галија и му наложивме наизведувачот „Бетон“ да го отстрани насипот пред мостот во изградба на кој требаше да биде поставено „панорамското тркало“, рече Шилегов на денешната средба со новинарите.

Низ Скопје, како што кажа, течат три реки Вардар, Треска и Лепенец, а само Треска е регулирана со езерото Козјак.

- Студија на УНДП покажува дека при поплава од мали размери во Скопје, доколку се излие само Вардар, ќе има штета од околу 50 милиони евра, доколку се излие Вардар и уште една од двете други реки ќе има средна поплава со штети од 252 милиони евра, а ако се излијат трите реки ќе има штета  поголема од 500 милиони евра, рече Шилегов.

Во моментов, посочи, се прават неопходните анализи за да се утврди постапката како да се дислоцираат галиите и што да се прави со мостот, а пролетва ќе се дислоцираат и врбите, прскалките и фонтаните од коритото на Вардар.

Првичните  проценки, додаде, покажуваат дека за дислокација на галиите ќе требаат од четири до 4,5 милиони евра, додека за пренамена на мостот и доизградба во пешачки се потребни 3,5 милиони евра, а за негово уривање нешто помалку.

Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер