Без струја утре делови од пет скопски општини

Од 8.30 до 14 часот утре без струја ќе бидат корисниците од ул. „Киро Фетак“ 1 во општина Кисела Вода, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување од ЕВН Македонија.

Без електрична енергија утре ќе останат и корисниците од ул. „Чаирска“ од бр.98 до бр.108 како и околните куќи во нивна близина во општина Чаир (од 08.30 до 14.30 часот), дел од корисниците од село Никиштани во општина Ѓорче Петров (од 9 до 12 часот), дел од корисниците од улиците „Јужноморавски бригади“, „Жегљане“, „Среќко Пужалка“, „Товарник“ и „Палмиро Тољати“ во општина Гази Баба (од 9 до 15 часот), корисниците од ул. „Љубљанска“ бр.6 во објектот на Сити Тауер во општина Карпош (од 09.30 до 11.30 часот).

Од 10 до 15 часот утре без струја ќе биде и објектот на спортската сала „Работнички“, военото игралиште - Градски парк, објектите на рестораните „Маракана“, „Уранија“ и „Кај Вршац“, тениските терени „Југ“ и „Уранија“, градската плажа и околните објекти во општина Карпош. /МИА

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

ДУИ: Да им честитаме на сите граѓани, имавме мирен изборен ден

На прес конференција на ДУИ во Мала Речица беше речено дека денека имало мирен изборен ден, како и во целиот изборен процес. Ова е наш заеднички успех.

Објавена долгорочната прогноза за летото: Топлиот циклус забрзано опаѓа, доаѓа ладниот

Ажурираната прогноза за летото 2024 година покажува динамичен летен атмосферски модел, под влијание на преминот од топлиот циклус Ел Нињо во студениот циклус Ла Ниња. 

Се предвидува дека низа бранови на притисок и аномалии ќе се протегаат од Северна Америка сè до Европа, пишува Severe Weather Europe.

Над северната хемисфера, следните месеци ќе бидат преоден период помеѓу Ел Нињо (топла фаза) и Ла Ниња (ладна фаза), што ќе остави свој белег на атмосферата и временските обрасци.

Еден од главните двигатели на зимските временски услови и раната пролет беше Ел Нињо. Врвовите на топли аномалии беа забележани во декември, но на почетокот на оваа година почна нагло опаѓање на температурите, а се очекува целиот регион над Екваторот да оди во негативен циклус во текот на летото.

Силен подземен ладен базен е главниот предуслов за падот на Ел Нињо. „Топлата фаза“ моментално е во распаѓање, а појавата на многу студен циклус започнува кон крајот на летото 2024 година, а ќе трае до 2025 година.

Врз основа на сите податоци од прогнозата, Severe Weather Europe известува дека Ел Нињо е во брз пад. Сепак, ваквите големи настани обично бараат подолг временски период бидејќи на атмосферата и треба одредено време за да одговори на овие океански промени.

Податоците покажуваат дека големи делови од централниот и источниот дел на Соединетите Американски Држави и јужна Канада ќе доживеат температури над нормалните, додека Европа може да очекува пониски температури.

Од Severe Weather Europe велат дека прогнозите за летото, односно за јуни, јули и август, укажуваат на област со натпросечни температури и поголема тенденција за топлотни бранови над јужниот дел на САД, па сè до северните делови. Втората област е над јужните делови на Европа каде што времето ќе биде потопло од нормалното во поголем дел од континентот.

Најсилни аномалии и тенденции на топлотни бранови има во централните и јужните делови на континентот.

Кон крајот на летото, Северна Америка ќе ги почувствува раните промени на новата Ла Ниња што се појавува, бидејќи е многу поблиску до изворниот регион во Пацификот. /МИА

притисни ентер