Заев: Достоинството и идентитетот се многу важни во преговорите со Грција

Ниту МНР ниту премиерот Заев денеска не откриваат детали околу вчерашната средба во Виена на медијаторот Нимиц со министрите Димитров и Коѕијас, освен дека двете земји веќе почнале со преговарачкиот процес, во кој извесно е дека двете страни сеуште имаат отворени прашања.

Премиерот Заев и денеска не откри за која географска одредница се преговара, но повтори дека е оптимист, иако од седумте точки на маса, остануваат уште 4 отворени.

- Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае во суштина работите кои можат да поминат, кои не можат да поминат кај едната и кај другата страна. Важно е да се гради довербата помеѓу двете страни во функција на решавање на проблемот. Мене ми е драго што се разглобени во суштина сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отклонат и другите позиции, изјави премиерот Зоран Заев.
Заев и денеска повтори дека се преговара за достоинствено решение,кое не опфаќа промена на уставот и идентитетот.

- Веројатно тие беа најлесните, но добро, тоа е сигнал за нас и охрабрување за грчката страна дека е можно да се изнајде решение. Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање на решение, рече Заев .

Ципрас пак пред два дена повтори дека рамката што го гарантира затворањето на проблемот е сложено име и за надворешна и за внатрешна употреба за кое треба промена на македонскиот устав и повлекување на сите сомнежи за иредентистички ставови,


Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

(20.41 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 50% : Силјановска 196342 , Пендаровски 92575 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 50 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 100.000 гласови пред Пендаровски

Стојановска: Убедливо водство на Гордана Силјановска-Давкова

Пратенилката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановсака ги објави најновите податоци за резултатите од гласањето.

Како што рече Стојановска , во водство е кандидатот на ВМРО- ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

притисни ентер