МРТ со „Еye Cue“ на изборот на песна на евровизија - Лисабон 2018

На ден 10.02.2018 година во просториите на МТВ се одржа селекција на пристигнатите песни по распишаниот јавен повик за: Песна којашто ќе ја претставува Македонија на Евровизија, Лисабон 2018 година.

Комисијата беше во состав : Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска - Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер МК“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски - одговорен уредник во „Вистина МК“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал“.

Во процесот на подготовка за селекција, МТВ покани уште десет други личности коишто професионално се занимаваат со македонската и светска музичка сцена и случувања, но истите поради лични и субјективни причини не беа дел од селекционата комисија.
Од пристигнатите 382 композиции на меѓународниот повик за Избор на песна за Евровизија, комисијата по пат на елиминација во три круга, на крајот селектираше 12 композиции.

Секоја од композициите во последниот круг од страна на комисијата беше рангирана и бодувана според евровизискиот принцип на гласање.
По пребројувањето на гласовите, комисијата одлучи дека песната „Lost and found“ на авторот на музика и текст Бојан Трајковски и во аранжман на продуцентот Дарко Димитров, има убедливо најголем број гласови.

По повторното преслушување, комисијата според правилата, едногласно заклучи дека: одбраната композиција на евровизиската сцена, најдобро ќе ја донесе групата „Еye Cue“ којашто е матична група на авторот со вокалистката Марија Ивановска.

Комисијата е едногласна во ставот дека : одбраната композицијата има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на МРТ и Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ.

МРТ како носител на лиценцата на Избор за песна на Евровизија го прифати ставот на комисијата и упатува честитки до авторскиот тим и групата „Еye Cue“.
Македонска радио телевизија

На 100 илјади граѓани сѐ уште чекаат пасош иако се фотографирале пред неколку месеци

Околу 100 илјади граѓани се уште не ги добиле пасошите иако се фотографирале и пред неколку месеци.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни Бојмацалиев дел од вината за ваквата ситуација ја префрла на министерот Тошковски и вели дека очекува темпото на издавање на личните документи да се нормализира по изборите.

-Според последните сознанија кои ги имам, над 100 илјади граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. Не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите а да не им ги дадеме пасошите, граѓаните чекаат негде и два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале. – Митко Бојмацалиев – Дополнитеен заменик министер за внатрешни работи

Гужвите пред пунктовите на МВР периодов значително се намалени за разлика од претходно иако собранието во март ги изгласа измените на изборниот законик со кои може да се гласа со важечки документ со старото уставно име. Сепак проблем се јавува кај граѓани кои со месеци чекаат да подигнат нова лична карта или пасош а во меѓувреме останале без важечки документ. Од канцеларијата на Народниот правобранител за Канал 5 велат дека добиле неколку такви претставки и следната недела најверојатно ќе излезат со предл решение за ваквата ситуација.

-Има претставки на луѓе кои се жалат дека им е истечена личната карта, дека им е блокирана сметката во банка и дека не можат да си ги подигнат средствата, меѓутоа бројот не е голем. Затоа за да се превенира ситуацијата и да не дојде голем број луѓе да заглават, бараме решение заедно со другите надлежни институции.- Народен правобранител

Инаку околу спроведувањето на изборниот процес подготовки се прават и во МВР. Во зависност од безбедносните проценки не е исклучена можноста и од засилено полициско присуство на места од висок ризик.

-На одредени места каде што ќе се процени дека треба да има зајакнато полициско обезбедување, дека треба од одделот за специјална полиција да има полиција и тоа ќе го направиме. Затоа овој период ги собиравме сите потребни информации, да знаеме на денот на гласањето како да се поставиме на избирачките места и во градовите. – Митко Бојмацалиев – Дополнитеен заменик министер за внатрешни работи

Оперативниот штаб за полициското постапување за време на изборниот процес веќе фукционира и е сместен во рамки на Бирото за јавна безбедност.

Мостот Беласица го мина и последниот тест пред да се пушти во функција

Последни мерења пред целосно да се пушти во функција мостот Беласица. 

На оваа многу значајна сообраќајна артерија денеска се вршеа мереа под максимално оптоварвање за да се утврди дали може да се даде целосно зелено светло за повторното пуштање на сообраќајот на сите 4 ленти. Мерните екипи ги следеа сите параметри додека на мосто беа паркирани 6 натоварени камиони кои вкупно тежеа 208 тони нешти што во пракса и не се очекува дека може да се случи.

Досегашните мерења се оптимистички и во финалниот извештај кој ќе се испрати до градот Скопје кој треба да ја има конечната одлука најверојатно ќе стои дека мостот е целосно безбеден и нема никакви пречки да биде пуштен во функција

Инаку мостот беласица пред речиси цела година во мај лани првиќно беше целосно затворен за сообраќај по пожарот кој изби на тополоводните цевки кои спроведуваат топлинска енергија од Тето кон делови на населбата Аеродром. По првичните анализи и санации мосто после неколку месеци беше делумно пуштен во употреба со по една коловозна лента а со најновите мерења се очекува да биде наскоро и целосно во функција

Гласаат членовите на ИО кои заминуваат во странство за претседателските избори во дијаспората

Гласањето за претседателските избори почнува со членовите на 31 избирачки одбор кои треба да го спроведат гласањето во странство.

Тие денеска пред заминување во странство гласаат во просториите на државната изборна комисија станува збор за 191 лице.

Во дипломатските претставништва и конзуларни канцеларии во вторник, на 23 април, на ден пред седмите претседателски избори во земјата, од 7 до 19 часот по локално време, врз основа на прифатените 2.571 пријави на наши државјани, гласање треба да се спроведе во триесеттина градови во странство.

Гласање за парламентарните избори на 8 мај нема да се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.

ДИК продолжува со организацијата на двојните избори. Се дистрибуира недоверливиот материјал, додека утре ќе започне дистрибуцијата на доверливиот материјал

Инаку, вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април.

притисни ентер