Иотврдено пријателството меѓу Република Македонија и Република Малта

За време на посетата на министерот без ресор задолжен за дијаспората , Едмонд Адеми на Република Малта, оствари средба и со министерот за надворешни работи и промоција на трговијата на Република Малта, Кармело Абела.
Според соопштението од Владата ,министерот Адеми ја пренесе благодарноста до својот соговорник за воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, во декември 2016 година, под уставното име на земјата.  Во разговорот министерот Адеми, спомна дека од страна Р. Македонија се иницирани предлози за склучување на билатерални договори за сорботка меѓу двете министерства за надворешни работи, како и договори од економска соработка. На тој план министерот Адеми замоли да се определи временска рамка, во насока на динамизирање и потпишување на истите.

Од страна на двајцата министри се потенцира, дека реализација на повеќе прашање од взаемен интерес, по потпишувањето на Меморандумот за соработка меѓу министерствата за надворешни работи, ќе се  забрза со процесот на политички консултации меѓу двете страни на сите нивоа, меѓуресорска соработка со експертски тимови, по области од заеднички интерес, пред се од областите на економската соработка и трговијата, образованието, културата, прашањата од работните односи, социјалното осигурување, престојот на македонската дијаспора во Малта, личните документи и други прашања од взаемен интерес.

За време на разговорот се дискутираше и за активностите на Владата на Р. Македонија, за процесот на членството на нашата земја во ЕУ. За овие прашања, министерот Абела ја потврди силната поддршка на Малта во овој процес, за што беше договорено и динамизирање на средби меѓу двете земји на највисоко ниво.

Меѓу другото стана збор и за најавената посета на министерот Абела на Р. Македонија оваа година како и на претседателката на Малта, Мари-Лиуз Калеро Прека.

За време на разговорите стана збор и за активности на нашата земја на регионален план и градењето на добрососедските односи . 

Министерот Никола Димитров се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Според соопштението на МНР ,на средбата се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

МИнистетот Димитров изјави : „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор”.

Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.  

„Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа.”, рече Димитров по средбата. 

Загинати и повредени во силна експлозија во склад за пиротехника (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и уште 27 се повредени во силна експлозија во склад за пиротехника во Шпанија.

Експлозијата настанала во илегален склад за пиротехника на северзапад на земјата , во близина на градот Туи. Полицијата соопштува дека експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на сите објекти во радиус од три километри.

На терен се бројни спасувачки служби , кои бараат преживеани во урнатините. Градобначалникјот на Туи , Васкез Падин изјави дека складот се наоѓал во куќа , која е целосно разорена.

Судот му забрани на Трамп да блокира на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да смее да ги блокира корисниците на Твитер.

Федералниот судија во Њујорк , Наоми Рејс Бучвалд донесе одлука Американскиот претседател Доналд Трамп да не смее веќе да ги блокира корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Според одлуката на судијката со таквиот потег Трамп го загрозува нивното право на слобода на говор , пропишано во Првиот амандман од Уставот на САД. Одлуката е донесена како резултат на тужбата , која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија , кој се занимава со проучување на примената на Првиот амандман на Уставот на САД .

На Институтот во тужбата му се приклулија и неколку корисници на Твитер , кои биле блокирани од претседателот Трамп по коментарите што ги објавиле на неговите објави.

притисни ентер