ВМРО – ДПМНЕ : Тутунарите не ја забораваат грижата на ВМРО-ДПМНЕ за одгледувањето на тутун и неговиот откуп

СДСМ и министерот за земјоделие Љупчо Николовски се вистинска временска непогода за македонското земјоделие. Дијалогот со земјоделците не постои, ниту министерот ниту неговиот заменик не се појавени помеѓу земјоделците, реагираат од ВмРО _ ДПМНЕ на изјавата на министерот Николовски .

Земјоделците за не цела година ја видоа неспособноста на владата предводена од СДСМ кон земјоделците и не грижа за нивниот труд.
СДСМ пред изборите ветуваше дека цената на оризот која ќе изнесува 25 денари за оризова арпа, а ветувањето пак за откупната цена на белиот ориз беше 50 денари. Денес нема ништо од ова ветување на СДСМ. Цената на оризот во моментов е до два пати помала од таа што ја ветуваа СДСМ. Ова беше уште една лага на СДС само за да добијат глас повеќе на изборите и да седнат во фотелјите. Николовски на оризарите им ветуваше и интервентен откуп, но од тоа нема ни трага ни глас, а во овие моменти е доведена во прашање идната реколта на ориз бидејќи ланската сеуште не е откупена.
Производителите на праски беа оставени на цедило, а над 30 отсто од родот беше уништен поради недостигот на реакција од ресорното министерство. Владата на СДСМ и во тој случај ги измами земјоделците, а ветената помош ја немаше никаде.
Николовски и СДСМ го користеа министерството за земјоделство како средство за пресметка со своите политички неистомисленици. Преку иницијативата за ревизија на договорите за доделување на државно земјоделско земјиште пред изборите, се пресметуваше со земјоделците кои не се под нивна контрола.
За прв после толку години државните субвенции се намалија во однос на претходната година,а пак во однос на предизборните ветувања на СДСМ субвенциите се помали за цели 24 милиони евра во однос на ветените 160 милиони евра.
СДСМ ги измами земјоделците и со ветувањето за зелената нафта, пред да дојдат на власт ветуваа пониски трошоци за земјоделците за нафта, а сега од позиција на власт ја зголемија нејзината цена за скоро 4 денари.
Николовски повторно манипулира со земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за земјоделците преку голем број на мерки и проекти кои беа во насока на подобрување на работата на земјоделците и нивниот труд.
Тутунарите не ја забораваат грижата на ВМРО-ДПМНЕ за одгледувањето на тутун и неговиот откуп. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со серија законски измени и со постојана контрола на теренот за да се елиминира манипулацијата со земјоделскиот труд. ВМРО-ДПМНЕ создаде услови за развој на оваа земјоделска гранка, со стимулирање на влез на пазарот на нови компании кои доведоа до поголема конкурентност и сигурен пласман на тутунот. Преку константни исплаќања на субвенции се помагаа тутунарите, се со цел да се повеќе се вреднува нивната работа.
Резултатот на владата на СДСМ во земјоделието е еднаков на нула. Николовски ветуваше дека ќе биле извозно ориентиран, а изминативе 8 месеци министерување на Николовски извозот на земјоделски производи е во слободен пад, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер