Во Маврово до попладнево наврнати 55 сантиметри снег

Висината на снежната покривка во Маврово до 16 часот изнесува 55 сантиметри, во Пожаране 37, Лазарополе 25, Ѓуриште 19, Тетово осум, Берово пет и два сантиметри во Охрид.
Како што соопштија од УХМР за девет часа во Маврово наврнале 17 литри на метар квадратен воден талог, во Пожаране 16, Тетово 13, Охрид 12, десет во Лазарополе, четири во Скопје.

Времето до крајот на денот, според синоптичарите, ќе биде облачно со повремени врнежи од снег во западните делови.

Долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, а во источните делови ќе врне претежно дожд, но на повисоките места и на планините ќе врне снег.

Обилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува да наврнат над 30л/м2 воден талог, а снежната покривка се очекува да се зголеми за 38см.

Ќе дува умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Денеска пресуда за случајот на СЈО „Триста“

Денеска ќе биде изречена пресудата за случајот на Специјалното обвинителство под име триста во кој обвинет е поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Тој се товари за злоупотреба на службената положба при набавката на 300 возила во МВР. Во завршните зборови, СЈО побара осудителна пресуда, а МВР надомест на штета во висина од 450 илјади евра.

Поповски, пак, рече дека е невин но и дека изминатиот период се соочил со низа закани и притисоци без да прецизира од кого. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.

Дескоска во правда, Арбр Адеми во образование, Алаѓозоски заминува од култура

Премиерот Зоран Заев утрово до собранието треба да го испрати предлогот за реконструкција на владата.

Според најавите, Рената Тренеска Дескоска од министер за образование од СДСМ оди во министерството за правда, а во образование Арбр Адеми, сегашен заменик министер за образование од ДУИ.

Роберт Алаѓозовски, заминува од министер за култура. На негово место треба да седне Асаф Адеми, кадар на движењето БЕСА од крилото на Африм Гаши, кој беше кандидат за градоначалник на БЕСА за Гостивар.

Руската војска собори дрон во близина на својата база во Сирија (видео)

Руската војска соопшти дека соборила неидентификуван дрон кој дошол во близина на нивната сириска воздушна база во Хмеим, извести агенцијата РИА.

„На 21 мај во доцните вечерни часови радарите на воздушната ваза Хмеим открија како на аеродромот му се приближува мала воздушна мета (дрон), од непознато потекло“ – се наведува во соопштението.

„Нема жртви, ниту физичка штета. Руската воздушна база во Хмеим работи нормално“ – се истакнува во соопштението.

Според извештаите на светските медиуми, се слушнале неколку експлозии и изгледало како руската база да е под напад.

Хмеим е една од двете руски воени бази во Сирија. Втората се наоѓа во Тартус.

 

притисни ентер