УХРМ: Можно зголемување на водостојот на реките во западните и јужните делови

Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) попладнево соопшти дека по најавите за нови врнежи од дожд и снег и постудено време можно е извесно зголемување на водостоите на реките особено во западните и јужните делови, но не се очекува излевање.
Зголемување на нивоата се очекува на реките Треска, Црна Река и Голема река во околината на Ресен, како и на водотеците кои допаѓаат од Кожуф и реките во Гевгелиско-валандовска котлина.

Од УХРМ велат дека иако не се очекуваат поплавувања на реките, сепак можни се високи водостои во овие сливни подрачја поради што се предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците.

Во текот на денешниот ден и ноќта се најавуваат врнежи од дожд и снег кои, според прогнозата, на некои места ќе бидат пообилни така што локално се предвидува да наврнат и над 30 л/м2. Се очекува да преовладува доста студено време поради што на повисоките места и на некои пониски, врнежите ќе бидат од снег. /МИА

Ѓукановиќ ја положи претседателската заклетва

Во црногорската престолнина Цетиње со положување на заклетвата  избраниот претседател Мило Ѓукановиќ  официјално ја презема должноста.

Ѓукановиќ претседателската заклетва ја даде пред пратениците од Собранието на Црна Гора.

-Се колнам  во својата чест дека должноста претседател  на Црна Гора ќе ја извршувам совесно и одговорно за доброто на сите граѓани, рече  Ѓукановиќ во заклетвата.

Покрај пратениците , на свечената седница присуствуваа и поранешните претседатели на Црна Гора, премиери и претседатели на парламентот, како и највисоките државни функционери и челници на државните институции.  

Абас повторно примен во болница

Претседателот на Палестина 83- годишниот Махмуд Абас е примен во болница, според анонимен официјален претставник, Абас имал температура.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска повторно е примен во болница. Ова е третпат во една недела да биде хоспитализиран.

Абас во вторникот имал операција на увото и по неколку часа бил пуштен дома. Вчера повторно беше на кратко во болница.

Резултатите од анализите, како што јави палестинската новинска агенција, пренесувајќи ја изјавата на директорот на болницата, се добри.

Абас има проблеми со срцето, а пред десет години му е дијагностициран рак на простата. Инаку, тој е страстен пушач.

Дамаск ослободен, екстремистите евакуирани

Група екстремисти од Исламската држава се евакуирани од последната енклава под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск, со што оваа територија е вратена под контрола на државата.

Сириската Опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, соопшти дека автобусите влегле во енклавата по полноќ за да ги превезат борците на ИД и нивните семејства.

Според Ројтерс, автобусите се упатиле во правец на провинцијата Бадија во Сирија, подрачје со мал број на жители , кое се наоѓа источно од престолнината Дамаск.

притисни ентер