Претставен постерот на годинешната манифестација „Златна бубамара на популарноста“

Радио Бубамара го претставува постерот на овогодишната манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кој го изработи познатиот цртач на анимации Тхе Мичо од Битола.

Во духот на логото на овогодишната манифестација „За подобар живот“ постерот на 21-та Златна бубамара претставува што се може да направи малку боја во сивилото на македонското општествено секојдневие.

Бидејќи нема подобар живот, ни подобар воздух, единствено ни простанува подобра забава. Ве чекаме на 22 февруари во ВИП арената „Борис Трајковски“. И колку и да трае, ќе си седите... И ќе се смеете! 

Скокнал пред камион кој брзо возел по автопатот (видео)

Саудиецот, кој стана хит на социјалните мрежи, откако беше снимен како скока пред камион, уапсен е неколку часа подоцна.

Неименуваниот маж стоел во багажникот на автомобилот паркиран покрај патот, а потоа скокнал пред камионот.

Возачот успеал да го заобиколи, делумно преминувајќи во другата лента.

Саудиецот поминал без повреди, но неколку часа подоцна е лишен од слобода.

Од полицијата е соопштено дека станува збор за тинејџер кој го загрозил својот живот и животите на останатите учесници во сообраќајот и поради тоа ќе биде санкциониран.
 

Скандал по кралската венчавка- братучедот на војвотката Меган фатен со нож

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган вечерта по кралската венчавка бил фатен со нож во дискотека во Лондон.

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган , Тајлер Дули бил фатен од полицијата вооружен со нож во ноќен клуб во Лондон. Тој избегал од обезбедувањето , но полицијата го нашла во хотел , каде на полицајците им предал и бибер спреј.

Рекол дека ножот и спрејот му биле потребни за самоодбрана. Полицијата го потврдила инцидентот и според соопштението од Скотланд Јард , братучедот на Меган поминал со предупредување ,

Инаку , Тајлер Дули поседува плантажа за производство на марихуана во американската држава Орегон.

Редок вирус за неколку дена однел пет животи – нема лек

Симптомите се слични како кај грип , но за вирусот Нипах нема лек.

Во последните 20 години од овој вирус починале над 300 лица, од кои само петмина во последните две недели. Уште кај девет лица во индиската држава Керала е откриена болеста и тие се во критична состојба. Три члена на едно семејство почионале од последици на енцефалит и миокардит , односно воспаление на мозочната и срцевата обвивка во текот на изминатите неколку дена. Неколку роднини што биле со нив во контакт се хоспитализирани ,а двајца од нив вчера починале.

Вирусот е зооноза , односно се пренесува на луѓе од животни , најчето од лилјаци, се наведува во предупредувањето од Светската здравствена организација.

Симптомите се слични како кај грип , но за Нипах нема лек . Забележано е и дека се пренесува од човек на човек , а се јавува во земјите од Југоисточна Азија.

притисни ентер