Промоција на монографија, концерт и изложба на фотографии за Марков манастир

Монографијата „Марков манастир - Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“, во авторство на игуманијата Илијана, ќе биде промовирана вечер со почеток од 19:00 часот, во свечената сала на Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје.
Монографијата излезе од печат деновиве во издание на ПНВ Публикации, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, и е прва од ваков вид посветена на овој манастир.

Промотори на монографијата, ќе бидат проф. д-р Елизабета Димитрова и проф. д-р Јован Белчовски.


Монографијата „Марков манастир - Св. Димитриј, внатрешниот духовен живот“ е труд кој е посветен на различни аспекти од вековното опстојување на манастирот. Во изданието на околу 140-те страници презентирани се различните димензии кои ја даваат пошироката слика на манастирот, тргнувајќи од историско-културниот аспект, па сѐ до естетската димензија и духовно-монашкиот елемент низ вековите па сѐ до денес.

Монографијата е илустрирана со фотографии од фотографот Ивана Батев кои ги откриваат убавините на манастирот, богатиот фрескопис, иконопис, монашкото секојдневие... Промоцијата ќе биде збогатена со изложба на фотографии од Батев, а мал концерт ќе одржат виолинистите Михаило Куфојанакис и Момчило Куфојанакис, и пијанистот Милан Јанкуловски.

Марковиот манастир е лоциран на околу 20 километри од центарот на Скопје, во живописна природа во близина на Маркова Река. Манастирскиот комплекс го сочинуваат: добро сочувана манастирска црква од 14 век посветена на Св. великомаченик Димитриј Солунски со отворен трем од 19 век, две манастирски трпезарии кои се фрескописани во 14 век, чии остатоци од фрескоживописот денес се сочувани преку конзервирани фрагменти, изложени во трпезариите, конаци со убави чардаци, параклис посветен на Св.Ап.Марко, музеј/галерија за икони и други помошни простории.
Манастирот имал добри времиња, кога бил економски богат, а и тешки денови, денови на грабежи, уривања и палења. Во манастирот цветал интензивен монашки живот. Во средината на 14 век, се подвизувале голем број на монаси, а во 19 век игуменувале Кирил Пејчинович и јеромонах Макариј. По нив тука тихувале архимандрит Јоаникиј Ракотински и Епископ Велички Гаврил Светогорец.

Во денешно време во манастирот е обновено женското монаштво, возглавено од игуменијата Илијана, со живот устроен според општежителен монашки типик, каде Исусовата молитва го зазема главното место, заедно со послушанието.

Секој може да дојде во ова духовно светилиште, да се помоли, да се исповеда, да се крсти, да се венча, да се здобие со книга со духовна содржина, со икона, со бројаница, крст, да слушне убави зборови за историјата на манастирот, а оној, кој е вистински жеден за Господа, да биде упатен во длабочините на верата Христова.

Пенс: Судбината на Либија е суровата реалност која го чека Пјонгјанг

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја дека би можела да ја искуси судбината на Либија, доколку не биде постигнат договор за севернокорејската нуклеарна програма.

„Овие денови имаше многу разговори за кризата во Либија. Во тој контекст, како што и американскиот претседател Доналд Трамп јасно изјави, Северна Кореја би можела да заврши исто како Либија, доколку Ким Јонг Ун не се согласи на договор“ – изјави Пенс во интервју за „Фокс њуз“.

На прашањето дали е тоа закана кон севернокорејскиот режим, Пенс изјавил дека тоа е и “многу повеќе од суровата реалност која го очекува Пјонгјанг“.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон минатата недела изјави дека Вашингтон не сака да го повтори сценариото од Либија, кога поранешниот американски претседател Џорџ Буш потпиша договор за нуклеарната програма на Либија во 2003 година, а подоцна со интервенција беше срушен режимот на Муамер Гадафи.

Актуелниот претседател на САД, Трамп изјави дека не сака либискиот модел да го примени во Северна Кореја, но дека за тоа би можело да се расправа доколку не биде постигнат договор.

Властите на Северна Кореја негодувале после изјавите на Болтон и Трамп, а последните изјави на Пенс би можеле додатно да предизвикаат реакции од Пјонгјанг.

Трамп би требало на 12 јуни да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сенегал.

Се продлабочуваат недоразбирањата меѓу Техеран и Вашингтон

Иранскиот претседател Хасан Рохани  потврди дека Техеран не прифаќа соединетите американски држави да носат одлуки за него.

Неговата реакција следи  откако американскиот државен секретар Мајк Помпео постави услови до Иран и објави построги санкции врз таа земја. „светот денес не прифаќа сад да решаваат за него.

Земјите имаат своја независност“, рече Рохани, прашувајќи: „кои сте вие да решавате за Иран и за светот?“.

Помпео претходно информира  дека Вашингтон ќе воведе најстроги санкции во историјата и оти тие ќе стануваат се потешки се додека иранскиот режим не го „смени курсот“. Пред две недели американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон се повлекува од нуклеарната спогодба со Иран.

Во Марсеј вооружена група пукала на минувачи

Неколку маскирани напаѓачи  синоќа започнале да пукаат  со „калашников“ во Марсеј, на југот од Франција. Засега со сигурност се знае дека  едно лице е повредено.

Напаѓачите отвориле оган од три возила врз група млади луѓе што се наоѓале во близина на култниот центар „Лабусеран“, јавија локалните медиуми.

Дошло и до размена на оган со припадниците на полицијата, која го блокирала тој дел од градот.

Нема информации за уапсени, а на местото на пукањето се наоѓаат пожарникари и екипи на брзата помош.

Се верува дека нападот не бил од терористички карактер.

притисни ентер