Хју Грант добил милионска оштета поради хакирање !!

Британскиот актер Хју Грант се договорил со британската новинска куќа Мирор, која го хакирала неговиот телефон.
Популарниот актер пред Високиот суд изјавил дека новинската група  била ангажирана за хакирање „во индустриска  мерка“., пренесува АП.

-Таа новинска група ги држала во заблуда јавноста и акционерите со години и ги изневерила своите читатели и новинари , кои вредно работеле, изјавил Хју Грант пред судот.

Условите од спогодбата засега не и се познати на јавноста , но британските медиуми пренесуваат дека станува збор за милионска оштета во корист на актерот која тој најверојатно ќе ја донира на сметка на групата„ Hakd of".  која се бори против хакирањето.

Грант во процесот против хакирање се судел   со весниците Дејли мирор, Сандеј мирор и Сандеј пипл.

Фото: Апокалиптични сцени на Хаваи

Нова ерупција на вулканот Калиеуа на Хаваи.

 Вулканот со недели  еруптира и ги вознемирува жителите на егзотичниот остров.

Вулканската лава досега уништи на десетици куќи.

По новата ерупција на вулканот од Хаваи пристигнуваат апокалиптични фотографии снимени од воздух.

Мараја Кери ослабела 20 кг.

Врската со помладото момче ја врати во форма.

Светската музичка ѕвезда 48 годишната Мараја Кери ослабела цели 20 килограми, откако е во врска со 13 години помладиот пејач Брајан Танака.

Медиумите шпекулираат дека на вежбање, посебен начин на исхрана покрај љубовта кон Брајан ја мотивирала и нејзината најголема конкурентка во шоу бизнисот „жешката“ латиноамериканка Џенифер Лопез.

Популарната пејачка и самата била свесна дека претерала со килограмите и дека е време нешто да стори на тој план.

Светските медиуми дури шпекулираат дека поп дивата направила хируршка интервенција, односно дека со операција и е намален желудецот.  

Четиригодишно дете си го уби братчето, мислело дека пиштолот е играчка

Четиригодишно дете во Вирџинија случајно си го убило своето две години помладо братче. Пукал во него со пиштол кој мислел дека е играчка, наведува американската полиција.

Тајлер Апонте не дишел кога бил пронајден во својот дом во округот Луиз во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош се обидела да го реанимира двегодишното дете , го однесла во болница но докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат малото дете.

Во времето кога се случила оваа трагедија мајката на двете деца била во куќата. Полицијата сега  води истрага за целиот случај.

притисни ентер