Невиден скандал – Чие е бебето на Кајли Џенер ?

Бебето на Кајли Џенер , ќеркичката Сторм , која се роди пред неколку дена е причина за еден од најголемите скандали .

Поранешното момче на Кајли ,раперот Тајга инсистира на ДНК анализа . Се сомнева дека тој е таткото , иако младата старлета пред девет месеци веќе била во врска со Тревис Скот.

Тајги вели дека иако била со актерот на интимен викенд во Бостон и на други јавни места , сепак Кајли била блиска и со него.

Раперот сака само да дознае дали е татко на девојчето , за да и обезбеди убав живот и да биде добар татко.

Ковачевски: Откажувањето не е опција за нас, не е време за откажување

Прес конференција одржа претседателот на СДСМ , Димитар Ковачевски.

Не се надевавме на ваков резултат , но не се откажуваме од евроинтеграцијата на државата, рече Ковачевски.

Милан по секоја цена сака напаѓач од Бундеслигата

Откако стана јасно дека Оливие Жиру ќе го напушти „Сан Сиро“, Милан е во трескавична потрага по напаѓач. Последното име интересно за „росонерите“ е Серху Гираси.

Голгетерот на Штутгарт целосно го насочи вниманието кон своите игри оваа сезона. И како да не, кога постигна 27 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања. На високо трето место е тимот на Штутгарт.

А она што е уште поубаво за раководството на Милан е тоа што Гираси има откупна клаузула. И сосема прифатлива за само 17 милиони евра.

Секако, ова привлекува и други клубови, наводно и од Премиер лигата, на кои Милан тешко може да им конкурира кога се во прашање финансиите.

Милан бара и други алтернативи, а интересен е напаѓачот, исто така од Бундеслигата, новокрунисаниот шампион Виктор Бонифас од Баер Леверкузен. /МИА

Мицкоски: Ова е револуција на народот на Македонија, но работата не е завршена

Прењтседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес конференција рече дека народот денеска докажал дека си ја сака Македонија. 

Ветував многу работи и сите работи се случија , рече Мицкоски. Ви благодарам од срце, народе на Македонија!

Македонија денеска порача дена народот е против криминалот и корупцијата, рече Мицкоски. Резултатите ставаат простор за да бидеме задоволни , со голема историска победа . Ова е најдобриот резултат што ВМРО ја имала од позиција на опозиција. Над 600.000 гласаа против власта. Цунамито се крена и им виси на глава.

притисни ентер