„Фолк Фест Валандово“ повторно ќе се одржува во мај

Новото издание на „Фолк Фест Валандово“ ќе се одржи на 24 и 25 мај годинава, соопшти градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на денешната прес-конференција.
- „Фолк Фест Валандово“, опстојува повеќе од три децении и претставува еден од најзначајните фестивали за фолк музика на Балканскиот Полуостров. Почетоците на фестивалот се од 1985 година. Досега на фестивалот имаат настапено најголемите македонски и балкански звезди од фолк музиката, а исто така се имаат испеано и најголемиот дел од македонските фолк хитови, рече градоначалникот Костадинов.

Поради вредносното значење на “Фолк Фест Валандово“, за македонската култура, како и поради неговото долгогодишно обезличување, одлучено е оваа година да се формира програмски совет кој ќе раководи со фестивалот и кој ќе биде составен од врвни професионалци од музичката фела. Членови на Советот се професорот Живојин Глишиќ, пејачот Ефто Пупиновски, композиторот Методија Антовски и културниот работник Ѓоко Павлов.

Конкурсот за новокомпонирани композиции е продолжен денес и ќе биде отворен до 28 февруари.

Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер