Во Прилепскиот театар се подготвува „Враќањето на Дороти“

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките на новата претстава за деца „Враќањето на Дороти“ (Дороти се враќа) во режија на Кирил Петрески.
Ова е втор дел на популарната претстава „Волшебникот од Оз“. Според режисерот Петрески, претставата е продолжување на авантурите на Дороти во Оз, која се враќа кај своите пријатели.

- Секогаш е задоволство и уживање да се работи претстава за деца, затоа што станува збор за специфична публика чија фантазија, колку и да се трудиме, нема да ја надминеме, но затоа можеме да ја разбрануваме, да ја поттикнеме. Но, е и голема обврска, зашто со овие претстави, би рекол, инвестираме 20 години во иднината и ја формираме нашата идна публика, вели Петрески.

Во претставата ќе играат Марија Спиркоска – Илиеска, Ангела Наумоска, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Димитар Георгиевски, Јасмина Мицовска –Станкоска и Катерина Чакмакоска – Клинческа.

Премиерата е наскоро, а овој проект Центарот за култура го реализира со сопствени средства.

Инаку, прилепскиот театар до Министерството за култура за оваа година пријави шест претстави кои сака да ги работи: „Пиреј“ од Петре М.Андреевски  во режија на Љупчо Ѓорѓиоски,  „Галеб“ по текстот на Чехов во режија на Нела Витошевиќ, сатиричната комедија „Демократија“ на Јосиф Бродски во режија на Кирил Петрески, „Обнова на крпен живот“ во режија на  Андреј Цветаноски,  Кристина Димитрова треба да ја режира преставата „Антигона“ од Софокле како и  детската престава „Пинокио“, која треба да ја режира Дарко Ковачевски.

Министерството за култура кое деновиве ќе ја објави програмата, вообичаено финансира годишно три до четири претстави на театарот во Прилеп. /МИА

Деветмина повредени во пад на авион

Девет лица се повредени при пад на приватен мал авион во Хондурас.

Авионот се урнал на крајот на пистата на меѓународниот аеродром во главниот град на Хондурас , Тегусигалпа. Според противпожарната служба , во несреќата се повредени девет лица.

Авионот пристигнувал од Остин , Тексас и од непознати причини се урнал на пистата при што се прекршил на пола.

Поповски во „Само вистина“: Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен

„Само вистина“ интервју со Роберт Поповски: Живот ли е ова или „панаѓур“?!

Директорот на Канал 5 Телевизија Иван Мирчевски и министерот  без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, во најновото издание на „Само Вистина“ разговараат за актуелните политички теми и за новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги.

Поповски: „Експерти, професионалци се вклучени во изготвување на новиот закон за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги. Граѓаните се тие што ќе ја оценат вистинка трка на медиумскиот пазар и да проценат кој медиум колку вреди. Владата нема да дозволи никој да биде привилегиран ниту оштетен, медиумите треба да добијат услови за работа и медиумските работници да имаат повисоки плати. Новиот закон ќе ја заштити индустријата, ќе обезбеди вистинска регулација и контрола на сите чинители во медиумскиот простор.“

Солзавец и приведени на протестите во Париз (ВИДЕО)

За време на синдикалниот протест по улиците на Париз дојде до судир на демонстрантите со полицијата.

Според медиумите , со полицијата се судрила група од околу стотина млади , кои не биле дел од протестната поворка. Поединци од групата ги гаѓале полицајците со различни предмети , по што полицајците возвратиле со пендреци и солзавец. Најголем број од младите , кои ја нападнаа полицијата носеле фантомки и капи за скијање .

И репортерката на Раша Тудеј , Шарлот Дубенски пред камерите мораше поради солзавецот да си стави капки во очите за да може да гледа. За сега нема податоци за повредени , а неколкумина од демонстрантите се приведени.

Денешните протести ги организираше синдикатот на јавните работници , поради планот на Владата до 2022 да укине 120 000 работни места.  

притисни ентер