“Норвешките јајца“ изгубени во преводот

Протеините и минералите за спортистите се секако неопходни во исхраната, но понекогаш се случува и со нив да претера.
Токму тоа се случило со норвешките спортисти кои пред неколку дена допатуваа на ЗОИ во Јужна Кореја.

Како во романот на нивниот сограѓанин, популарниот норвешки писател Ерленд Лу, „Мирни денови во Миксинг Парт“ чии главни ликови се впуштаат во конверзација со сопствениците на куќата, која сакаат да ја изнајмат во Гармиш Партенкирхен користејќи програма за преведување, готвачот на норвешките олимпијците го употреби Гугл преведувачот за да ги нарача неопходните намирници.

Во обидот својата нарачка да ја преведе со помош на Гугл Транслејт, наместо планираните 1.500 на вратата од неговата кујна стигнале 15.000 кокошкини јајца!

И покрај тоа што веднаш се обидел да се “извади“ на лошиот превод, по се изгледа готвачот Стале Јохансен сепак по грешка впишал една нула повеќе.

Во обидот да разјасни како можело да дојде до оваа грешка, новинарот на „Би-Би-Си“, Кореецот Дејвид Кан напишал дека во неговата земја се користи поинаков систем на броење и запишување на броеви, па така самата грешка при внесувањето на бројот можела да доведе до конфузија.

И покрај тоа што норвешкиот олимписки тим брои 109 спортисти. 15.000 јајца се навистина голема количина која самите не можат да ја потрошат, па продавач, за сеќа, прифатил вишокот од 13.500 јајца да го прими назад, изјави Јохансен за норвешкиот весник „Афтенпостен“.

Овој симпатичен случај “на изгубени во преводот“ го привлече вниманието на светските медиуми.


Вообичаено утро на островот Палма де Мајорка

Девојка си порачува за јадење во ресторан.

Британка си порачува  храна во Мекдоналдс, откако била на некоја забава.

Германскиот весник Билд ја објавил оваа фотографија со коментар дека се работи за Британка која се појавила вака облечена во недела во 11 часот наутро.

ТВ презентерка успеа да фати избеган коњ

ТВ презентерка успеа да фати избеган коњ

Презентерката се фрли пред коњот и успеа да го застане.

Повеќето луѓе кога би виделе коњ кој галопира кон нив би избегале, но ТВ презентерката му се спротистави на избеганиот коњ и успеа да го застане.

Презентерката Харли Мур, стоеше во средина на патеката кога го забележа коњот.

Погледнете ја оваа храбра жена:

Кенгур влетал на рагби натпревар (видео)

Камерманот кој го снимал рагби натпреварот го фатил моментот кога кенгур влетал на теренот.

Видеото е снимено во Паркс, во Нов Јужен Велс, во Австралија. Во тоа време се играл рагби натпревар.

Снимката покажува како кенгур скока по теренот меѓу играчите и неколку секунди потоа го напушта теренот.

„Работам хонорарно како камерман, главно ги следам локалните спортски настани. Додека го снимав женскиот рагби натпревар, бев сведок на неочекувана појавување на кенгур на теренот“ – прокоментирал снимателот на овој несекојдневен инцидент.

притисни ентер