За неа времето како да застанало: Актерката објави слика од младоста и ги воодушеви сите (фото)

Актерката Џенифер Анистон се пофали со својата фотографија од матурата и уште еднаш потврди дека е целосно природна убавица за која времето застанало.

Холивудската актерка Џенифер Анистор се смета за една од најфаталните дами во Холивуд, а причината е нејзиниот блескав изглед кој се чини одолева на стареењето.

Најголем доказ дека оваа убавица нема ништо коригирано на своето лице е најновата слика која Анистон ја сподели на социјалните мрежи.

Поранешната сопруга на Бред Пит објави фотографија од матурата, која датира од средината на осумдесеттите години на 20-тиот век.

Освен бујната коса, убавата Џен го покажа и сјајниот тен, а многумина изјавуваат дека актерката воопшто не се променила во изминатите 30 години.


Prom Night 💓 #nostalgic

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferanistononline) on

Американскиот сенатор Велч: Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија

Слободните и фер избори се суштински темел на силна демократија, оцени демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч за претседателските избори во Македонија, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

- Се надевам дека граѓаните го користат својот глас за да ја обезбедат иднината на Македонија преку зголемени економски можности и зајакнати врски со САД и Европа, напиша сенаторот Велч на социјалната мрежа Х. Минатиот месец, демократскиот сенатор од Вермонт Питер Велч, заедно со демократската сенаторка од Њу Хемпшир Џин Шахин, и републиканските сенатори од Небраска и Северна Каролина Пит рикетс и Том Тилис, спонзорираа најнова резолуција во Сенатот, со која САД го поддржаа пристапувањето на Македонија во Европската Унија. Во резолуцијата, Сенатот ги повика претседателот и државниот секретар на САД, како и европските сојузници, да се залагаат за отворање на првиот преговарачки кластер на ЕУ со Македонија, без дополнителни билатерални услови.

ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција

Хамас објави видео од 23-годишниот Херш Голдберг-Полин, американско-израелски младинец, кој славеше со своите пријатели на музичкиот фестивал Нова, кога Хамас на 7 октомври насилно и брутално го нападна и киднапираше.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, коментирајќи го видеото на израелско-американскиот заложник, Херш Голдберг-Полин, објавено од милитантната група Хамас, рече дека тоа е итен повик за акција и додаде дека израелската армијата нема да остави „камен на камен во напорите да ги пронајде заложниците“.

Хамас објави видео од 23-годишниот Херш Голдберг-Полин, американско-израелски младинец, кој славеше со своите пријатели на музичкиот фестивал Нова, кога Хамас на 7 октомври насилно и брутално го нападна и киднапираше.

-Хамас го држи Херш во Газа повеќе од 200 дена. Хамас продолжува да држи 133 заложници во Газа повеќе од 200 дена, во нехумани услови, рече Хагари во видео пораката.

Тој рече дека ИДФ ќе продолжи да го гони Хамас низ Газа додека не се ослободат заложниците, пишува „Тајмс оф Израел“.

- Ова е итен повик за акција. Ние нема да оставиме камен на камен во нашите напори да ги најдеме нашите заложници. Ова видео со психолошки тероризам не е само потсетување на она што го направи Хамас на 7 октомври, туку и колку е болна оваа терористичка група која ги тероризира заложниците и нивните семејства, рече портпаролот на ИДФ.

Палестинското милитантно движење Хамас вчера објави видео на кое е прикажан Херш Голдберг-Полин.

Краткиот, недатиран клип покажува дека на 23-годишното момче му недостасува потколеница, но инаку изгледа здраво. Во видео-порака, тој рече дека претрпел сериозни повреди за време на нападот на 7 октомври, откако се обидел да го искористи своето тело како штит за да се заштити себеси и другите исплашени цивили, пренесуваат британските медиуми. /МИА

Во Молдавија отворена истрага против гувернерката на областа Гагаузија

Молдавското обвинителство поведе постапка за кривично дело против гувернерката на молдавската област Гагаузија, Евгенија Гуцул што создава предуслови таа да биде судена под обвинение за насочување средства од Русија на промосковска партија.

Гуцул, лидерката на Гагаузија, стана позната минатата година и победи на изборите за шеф на автономниот регион. Има затегнати односи со централната влада во Кишињев, која стравува дека Русија и прогонетите олигарси се мешаат во политичкиот живот на земјата.

Гуцул е обвинета дека од 2019 до 2022 година насочувала средства од Русија за финансирање на сега забранетата проруска партија Шор, основана од Илан Шор, прогонет проруски бизнисмен, осуден за измама во Молдавија. Според обвинителството, „Гуцул активно учествувала во систематското внесување на непријавени финансиски средства во Република Молдавија, кои биле примени од организирана криминална група, пред сè од Руската Федерација“./МИА

притисни ентер