Авторката на најголемите екс-Ју хитови се бори за живот

Марина Туцаковиќ , авторката на илјадници најголеми хитови на екс – Ју просторите , се бори со тешка болест.

Таа се лекува на Институтот за онкологија и радиологија во Белград , а според Српските медиуми е во многу тешка состојба. Докторите се надеваат дека Марина ќе успее да се избори со болеста и ќе излезе како херој од оваа битка.

65- годишната Туцаковиќ е автор на огромен борој хитови кои ја одбележаа екс- Ју сцената .

Таа ги има напишано песните ,,Ти си жеља мог живота” од групата Магазин , за Оливер Драгојевиќ ја напиша ,, Што то бјеше љубав” , Мишо Ковач ги пееше нејзините хитови ,,Мало ми је један живот с тобом “ и ,, Сви пјевају , ја не чујем “ , додека Северина ги пее ,, Гас , гас “ , ,,Гаде” и ,, Тридесете” , напишани од Марина Туцаковиќ .

Хитовите на Марина ги пееја и Зана , Здравко Чолиќ , Златко Пејаковиќ, Далибор Брун , Лепа Брена, Неда Украден и многу други .

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција, јавува EMSC.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил на 39 километри јужно од Турхал, на длабочина од осум километри.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори...

Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови... Пред Собранието и во овие вести ја имаме Јана Јосифоска.

Јана за неколку часа почнуваат митинзите на двете најголеми политички партии, партиските лидери веќе ги испратија првите пораки?

Македонката Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот во избор на Тајмс

Светлана Мојсов од Универзитетот Рокфелер е именувана на листата на „Тајм 100“ за највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области.

Научниот вонреден професор, Мојсов беше именувана на листата за нејзините револуционерни откритија за цревниот хормон што го регулира шеќерот во крвта наречен GLP-1, кој го отвори патот за блокбастер лековите за дијабетес и дебелина Ozempic, Victoza и Wegovy. Овие таканаречени GLP-1 агонисти ја трансформираа клиничката грижа за управување со шеќерот во крвта и губење на тежината.

Мојсов почнал да го истражува дијабетесот во Универзитетот Рокфелер како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Во 1980-тите, таа се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа беше првата што ја идентификуваше биолошки активната секвенца на GLP-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.

Во соработка со други, Мојсов продолжи да докажува дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, работа што доведе директно до терапевтски развој на агонисти на GLP-1. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе е многу среќна, таа вели: „Тоа ме прави да се чувствувам професионално и лично исполнето“, објави Универзитетот Рокфелер во САД.

притисни ентер