Со булдожери се уништуваат луксузни мерцедеси, јагуари...(видео)

Тешки градежни машини денеска уништија повеќе од 20 луксузни автомобили од марките “мерцедес“, “јагуар“ и “порше“, “шевролет корвета“ во акцијата на филипинските власти против криминалот и корупцијата.
Претседателот Родриго Дутерте го надгледувал уништувањето на автомобилите, од кои некои од нив вредат и околу 93.000 евра.

„Дајте им ги продавачите на железо. Не можат да добијат автомобили, но можат да добијат нешто. Нека изработат играчки од нив“ – изјавил Дутерте.

filipini,vozila,automobili

Царинската служба минатата година запленила криумчарени возила во вредност од 2.93 милиони долари. Вкупната вредност на запленетата роба била 866 милиони долари, наведуваат официјалните податоци.

„На Филипини не се исплати затајувањето на данок, па можеби ќе престанат да се обидуваат бидејќи тоа нема да им успее“ – изјави пред новинарите, министерот за финансии, Карлос Домигез во текот на уништувањето на автомобили во пристаништето во Манила.


Фото: Апокалиптични сцени на Хаваи

Нова ерупција на вулканот Калиеуа на Хаваи.

 Вулканот со недели  еруптира и ги вознемирува жителите на егзотичниот остров.

Вулканската лава досега уништи на десетици куќи.

По новата ерупција на вулканот од Хаваи пристигнуваат апокалиптични фотографии снимени од воздух.

Мараја Кери ослабела 20 кг.

Врската со помладото момче ја врати во форма.

Светската музичка ѕвезда 48 годишната Мараја Кери ослабела цели 20 килограми, откако е во врска со 13 години помладиот пејач Брајан Танака.

Медиумите шпекулираат дека на вежбање, посебен начин на исхрана покрај љубовта кон Брајан ја мотивирала и нејзината најголема конкурентка во шоу бизнисот „жешката“ латиноамериканка Џенифер Лопез.

Популарната пејачка и самата била свесна дека претерала со килограмите и дека е време нешто да стори на тој план.

Светските медиуми дури шпекулираат дека поп дивата направила хируршка интервенција, односно дека со операција и е намален желудецот.  

Четиригодишно дете си го уби братчето, мислело дека пиштолот е играчка

Четиригодишно дете во Вирџинија случајно си го убило своето две години помладо братче. Пукал во него со пиштол кој мислел дека е играчка, наведува американската полиција.

Тајлер Апонте не дишел кога бил пронајден во својот дом во округот Луиз во Вирџинија со рана од куршум во градите, пренесе „Индепендент“.

Итната помош се обидела да го реанимира двегодишното дете , го однесла во болница но докторите и покрај сите напори не успеале да го спасат малото дете.

Во времето кога се случила оваа трагедија мајката на двете деца била во куќата. Полицијата сега  води истрага за целиот случај.

притисни ентер