Ќазим Асотиќ - нов в.д. директор на МОБ

Министерството за култура за нов в.д. директор на Македонската опера и балет го назначи Ќазим Асотиќ, прв фаготист - солист во оркестарот на Македонска oпера и балет.

Асотиќ своето образование го стекнал во Музичко-балетскиот училишен центар „Илија Николовски–Луј“ во Скопје на отсекот фагот, на Факултет за музичка уметност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Универзитетит во Приштина.

Работел како стипендист и хонорарец во оркестарот на МОБ, бил прв фаготист - солист во Симфонискиот оркестар-Ниш од 1996 до 1998 година и вонреден професор на Музичката академија на Универзитетит во Приштина од 2007 до 2012 година.

Досега гостувал во неколку европски земји, а остварил гостувања со Македонската филхармонија, Мандолинскиот оркестар и бројни рецитали со пијано придружба. Добитник е на повеќе признанија, пофалници и благодарници како за хуманитарни дејности, така и за уметничко и репродуктивно творештво. Основач и директор е на Фондацијата „Срце од срце“ основана за помош и лекување на лица заболени од леукемија и сите видови на карцином.

СДСМ: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша.

Она што особено ги загрижува граѓаните на Прилеп, е зачестениот тренд на опожарување на возила. Во последните неколку недели, запалените автомобили станаа прилепско секојдневие. Горат автомобилите на наши сограѓани: бизнисмени, обвинители, адвокати.

Дневните билтени на МВР се претворени во регистер на настани од рубриката „црна хроника“, а фактот дека ниту еден од сторителите и нарачателите на овие дела не е откриен, го зголемува чувството на страв и несигурност кај граѓаните.

Заради нестручноста на партиските војници на ДПМНЕ инфилтрирани во највисоките раководни структури на МВР, Прилеп стана опасно место за живеење.

Почитувани,

И покрај тоа што на сите 15 клучни оддели за борба против криминалот техничкиот министер Панче Тошкоски постави свои началници, во изминатите два месеца Министерството за внатрешни работи не испорача никакви резултати.

Ветувањата на Тошкоски дека ќе ја интензивира борбата против криминалот, дека криминалните банди ќе станат минато, останаа мртво слово на хартија.

Голема лага беше и ветувањето на неговиот партиски шеф Христијан Мицкоски, дека кадрите на ДПМНЕ за две недели ќе ги расчистат сите афери и скандали во државата.

За само два месеца, ДПМНЕ не’ потсети на 11-годишното живеење во режим и повторно на дело го врати системот МВРО-ВМРО.

Во ДПМНЕ ништо не е сменето. Тоа е истата режимска и антиевропска партија, за која граѓанските права и демократските вредности се мислена именка.

Нема промена на подобро со ДПМНЕ, тоа е партија која не може да донесе позитивна промена. Со ДПМНЕ загрозена е безбедноста на граѓаните на Прилеп.

Загрозувањето на европскиот пат значи и загрозување на безбедноста на граѓаните, тоа прилепчани добро го знаат.

Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Скопје, 28 март 2024

СДСМ

Стоилковски: Арсовска да состави документи за сопрените градинки, училишта и спортски објекти

Арсовска да состави документи за сопрените градинки, училишта и спортски објекти, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, ќе ги усвои.

Данела Арсовска сопре градба на две основни училишта, сопре градба на две градинки и сопре градба на едно затворено спортско игралиште, потребно за граѓаните на општините Гази Баба, на Кисела вода и на Аеродром.

Арсовска запре донесени одлуки на Советот на Град Скопје за ослободување од надоместоци за уредување на градежно земјиште за овие проекти, со образложение дека биле, како самата вели, неписмени.

Оттука, ја повикуваме Данела Арсовска таа сама да состави вакви документи, а Советот без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска, само ќе ги усвои.

Доколку Арсовска не е против нови градинки, училишта и затворени спортски објекти, и ако не е против скопјани и Скопје, се очекува од неа најбрзо таа самата да донесе писмени барања за овие пет проекти за скопјани, а Советот ќе ги прифати онака како што таа ќе ги достави, без сомнеж во високото ниво на писменост на Данела Арсовска.

Во спротивно, Данела Арсовска само ќе докаже дека е продолжена рака на Миле Зечевиќ и на СДС наспроти вистинските потреби на скопјани за две градинки, две училишта и за спортски објекти.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовираше 12 доктори на науки

Дванаесет доктори на науки денеска промовираше Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип во рамките на одбележување на 17 години од постоењето. 

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.

-Денеска е денот на нивната промоција во чест на нашиот патрон празник, како Универзитет еднаш годишно ја вршиме оваа промоција и официјално ги промовираме нивните докторски дипломи. Чест ми е што имаме поголем број на доктори, а посебна чест ми претставува што квалитетот на нивните трудови е препознатлив и прифатлив во реалната пракса и од пошироката наука, вели Мираковски.

Маја Чочевска докторираше на Факултетот за медицински науки отсек Фармација, а какошто вели нејзината теза е од полето на радиофармацијата.

-Јас работев делумно на Универзитетот овдека, делумно во Универзитетскиот институт за позитронска мисиона томографија, бидејќи е единствен институт којшто го работи оваа поле во радиофармацијата и мојата теза беше воведување на нова методолгија во развој која се користи за тумори, вели Чочевска.

Теодоро Топчева е новиот доктор на науки на Машинскиот факултет, а темата на трудот и е мерење и изложеност на работниците на бучава во погон за автомобилска индустрија. Посочува дека трудот го има изработено со помош на лабараторијата АМБИКОН при УГД-Штип, а според истражувањето компаниите треба да водат сметка за бучавата во која работа. Според неа реалниот сектор, а особено големите компании внимаваат и ги почитуваат законските норми.

притисни ентер