Ден одмор за ракометарите по победата над Словенија, утре натпревар против Црна Гора

Македонските ракометни воини на чело со командантот Раул Гонзалез со голем триумф над третата селекција во светот Словенија ги започнаа натпреварите на 13 европски ракометен шампионат во Хрватска.


Во натпревар со многу пресврти и возбудувања на паркетот но секако и на трибините каде македонската навивачка фаланга исто како ракометарите ја доби битката против побројните словенечки навивачи , нашиот национален тим стигна до голема победа над силната Словенија прва по еврошампионатот во 2012. Нашиот стратег Раул Гонзалез исто така ја доби тактичката битка против темпераментниот предводник на Словенците Веселин Вујовиќ.

Македонските ракометари на премиерната на шампионатот во Загреб покажаа дека во Хрватска се дојдени со амбиции за уште еден добар резултат на големите натпреварувања и дека имаат квалитет да бидат рамноправен противник и на насилните репрезентации во светот.

По првпат во досегашните пет настапи на европските првенства македонската селекција со победа ги стартува натпреварите на еден континентален шампионат.
Честитки за големиот успех заслужува целата црвено жолта експедиција, но секако и осмиот играч публиката која во моментите кога се одлучуваше победникот ги понесе ракометарите на посакуваниот победнички колосек.

Минималниот но голем триумф над Словенија од 25-24 нашиот легендарен капитен Кире Лазаров им го посвети токму на македонската фаланга.
- Уште на загревање ја почувствувавме поддршката од нашите верни навивачи кои поминаа голем пат да дојдат да не бодрат. Тие се клучниот фактор за нашата победа. секако и ние на теренот имаме заслуга. одигравме паметно кога се одлучуваше победникот. изјави Лазаров.

Денешниот ден одмор нашите ракометари и стручниот штаб го искористија за посета на црквата „Света Злата Мегленска" во Загреб, која е дел од Македонска православна црква – Охридска архиепископија европска епархија.

По исцрпувачките дуели на теренот во загрепската арена против силните и високи словенечки ракометари денешниот ден одмор е добредојден за нашите најдобри ракометари, кои веќе започнаа да размислуваат на утрешниот дуел од 20 и 30 часот против тимот на Црна Гора.

Со победата над Словенија, македонските ракометари направија и голем исчекор кон посакуваниот пласман во втората фаза на првенството во Хрватска со евентуален триумф пак на утрешниот натпревар против Црна Гора вчера во премиерата на шампионатот доживеа убедлив пораз од бранителот на титулата Германија, нашата селекција ќе го потврдиме пласманот меѓу 12 најдобри селекции на првенството во Хрватска.



Ѓоргиевски: Од Македонија се бара поврат на 2,2 милиони евра на ЕК злоупотребени преку Еразмус+

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара  поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година.

Европската канцеларија за борба против измами –ОЛАФ, бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година, соопшти на прес-конференција, директорот на националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски.

Тој вели дека предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но поради предистражната постапка не може да соопшти повеќе детали..

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“

Тошковски учествуваше во превентевните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“.

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, во рамките на посетата на СВР Струмица, учествуваше во превентивните активности „Стави појас, вози безбедно“ и „Стоп за возење под дејство на алкохол“, кои се реализираа во општинскиот центар Босилово.

Според Тошковски, со вакви превентивни акции може да се делува на намалување на несреќите.

-Се надевам дека во иднина ќе имаме помалку несреќи и барем ќе се воздржуваме од управување на моторно возило под дејство на алкохол и ќе го управуваме возилото според сите правила и стандарди за користење на истото, рече техничкиот министер за внатрешни работи.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од СДСМ дека во изминатите два месеци се зголемени кражбите и има пораст на криминалитетот и дека со неговото доаѓање на чело на МВР работите не одат на подобро, Тошковски одговори дека вакви изјави не заслужуваат сериозен одговор, бидејќи овие изјави се несериозни и тој не сака да ги коментира.

-Да видиме дали ќе бидат доблесни да се нормализира комуникацијата со јавноста или ќе се продолжи со вакви бесрамни потези, кадешто буквално македонскиот народ се смее на тоа што го терат долго време како приказна.Дајте да завршиме со вакви паушални обвинувања. Дајте да завршиме со фрлање на пердуви насекаде без никаква основа и да се фатиме за работа и да направиме држава каква што треба. Доста е веќе со голи политики и политаканство и со лажење на народот, рече Тошковски.

Тој денеска го посети и пунктот за издавање на лични документи во Полициското одделение во Ново Село.

Национална конвенција за ЕУ: Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на КЗ

Министерството за правда веднаш да иницира нови измени на Кривичниот законик, препорачуваат од Националната конвенција за ЕУ во Македонија. 

Експресните измени донесени со европско знаменце од лани не се на иста линија со политиките на ЕУ, велат оттаму, со оглед на тоа што предлог директивата од Брисел предвидувала повисоки казни за кривичните дела поврзани со корупција. Препорачуваат и враќање на избришаниот став за злоупотреби при јавните набавки.

-Со оглед на тоа што е дел од таа минимална листа не треба да имаме дилеми дека тоа ќе опстојува и во иднина. И во поглед на предложените казни во однос на нивната висина тие се многу повисоки од оние што ние ги имаме во актуелниот КЗ особено тие се намалија кај делото злоупотреба на службената положба и овластување со измените на КЗ од септември 2023 година,- изјави – Александра Деаноска – Трендафилова – Универзитетски професор.

Иако работна група во МП подготвува целосно нов Кривичен законик во кој ќе биде вратен избришаниот став, од Националната конвенција сметаат дека оваа процедура ќе се одолговлече. Во меѓувреме Македонија не треба да губи време на својот евроинтегративен пат, вели главниот преговарач во тимот на Хрватска споделувајќи го хравтското искуство во процесот на пристапување кон Унијата.

-Ако Македонија се инспирира од она што ние (Хрватска) позитивно го сработивме може да го фати забрзаниот пат. За мене клучни се визијата, политичката одлучност на политичките елити во Македонија, консензус на клучните чинители дека тоа навистина се сака како би се навистина спровеле тешки реформи а тука доаѓаме до тоа да се биде способен да се донесат тешки одлуки, односно да не се избегнува носењето на одлуките,- изјави – Кристиан Туркаљ – Правен експерт за Западен Балкан, Р. Хрватска.

Со измените на КЗ лани во септември пратениците ги намалија пропишаните казни за неколку кривични дела, и воведоа горна граница на максималната казна, што заедно со избришаниот став доведе до застарување на неколку дела. Веднаш потоа и Извештајот на ЕК за напредокот на земјава нотираше загриженост околу овие измени но и посочи на несоодветна употреба на европското знаменце.

притисни ентер