Видео: Кит од 25 тони спаси нуркач од напад на ајкула

Видеото на кое може да се види како голем грбав кит го заштитува нуркачот, до кој опасно се приближува ајкула е направено во водите околу Куковите острови во јужниот дел на Тихиот океан.

Морскиот биолог Нен Хаусер вели дека грбавиот кит ја заштитил неа и нејзиниот тим од агресивна тигреста ајкула.

Големиот кит тежок 25 тони и долг 14 метри во еден миг ја подигна Нен над водата. Според морскиот биолог тоа е само уште еден доказ дека кај китовите е вродено чувството да ги заштитуваат другите суштества, вклучувајќи ги и луѓето. Таа верува дека вакво нешто досега никогаш не било снимено, пренесува „Дејли маил:

-Не бев сигурна што сакаше китот да направи кога ми се доближи. Не престана да ме турка цели десет минути. 28 години минав под вода со китови но, досега не сум имала кит кој бил толку грижлив, кој инсистираше да ме смести под својата перка, изјави морскиот биолог Нен Хаусер.

Според научниците ова е прв случај документиран со видео, во кој кит штити човек од ајкула.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

СДСМ: Понудата на ДПМНЕ е понуда за блокада на ЕУ, над 80% од листите се истите пратеници

Составот на кандидатските листи за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ потврди дека нема никаква промена во оваа партија.

Ова е понуда за блокада на европскиот пат на државата, тоа е кристално јасно.

Над 80% од предложените кандидати за пратеници се истите кои досега спроведуваа активна блокада на македонското Собрание.

Освен блокада на европскиот пат на државата повеќе од 2 години Собранието е под опструкции, блокади, кочење, од страна на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо за интересот на граѓаните и државата се спроведуваа теснопартиски инетерси а често слушнавме и навреди и омаловажувања кон жените-пратенички.

Во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите.

Беа против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во ЕУ.

Тропаа и вревеа со вувузели во парламентот.

Граѓаните беа сведоци на одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од опозицијата.

Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена и не можат да донесат никакви промени на подобро, напротив.

Затоа, кристално јасно е.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ далеку од ЕУ.

Прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка

СДСМ

Фото: Тони Кукоч во белградска арена за Јокиќ: „Тој е плејмејкер“

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, асот на Југопластика, Бенетон, Чикаго, Тони Кукоч даде свој коментар за најдобар играч на НБА лигата центарот на шампионот Денвер, Никола Јокиќ.

Легендарниот Пинк пантер од Сплит, Тони Кукоч освои три титули во НБА како член на познатата генерација на Чикаго Булс со Мајкл Џордан, Скоти Пипен и Денис Родман, но освои и три трофеи во Евролигата со славната Југопластика.

Минатата сезона Јокиќ ги предводеше Денвер Нагетс до нивната прва титула во историјата на франшизата од Колорадо, а претходно беше и два пати МВП на лигата.

„Денешните играчи кои доаѓаат од Европа се многу ценети и секој тим што оди во плеј-офот сака да има еден или двајца европски играчи. Европските играчи имаат способност да играат на повеќе позиции, полесно ги поврзуваат тимовите. Јокиќ... може да игра било што, на било која позиција. Кога ќе го погледнеш не е ни брз, ниту добар скокач, но неговиот мозок е две секунди пред нна сите други.Тој ја чита таа кошарка, нема да кажам дека игра, бидејќи во НБА не можеш да се играш, тоа е физички напорно, но се гледа дека тој е таму и ја чита играта. Го контролира целиот тим. Поради неговата висина игра центар, но тој е плејмејкерот на тој тим“, истакна Кукоч.

Славниот југословенски кошаркар потоа откри како легендарниот тренер од шампионските денови на Чикаго, Фил Џексон му објаснил дека шутирањето е можеби најмалку важното нешто во кошарката.

„Можете да ги прашате Џордан и Џексон за кошарката, но најважно е да се погледнете во огледало и да се запрашате што пропуштате. Ако сте искрени, тогаш брзо ќе дознаете. Мојата прва година со Булс , играв 27-29 минути, понекогаш почнував, но кога се врати Мајкл, тогаш почнував од клупа. Затоа Фил Џексон ми објасни дека не зависам од шутот,во кошарката има многу работи на кои треба да се работи.Шутирањето е можеби најважното.Треба да играш одбрана,се да знаеш, ... шутирам, промашувам, сакам да ја пресечам топката, мојот играч постигнува кош... Тогаш Фил Џексон ми рече дека тоа му пречи. “

Тони Кукоч и неговиот соиграч и пријател од Југопластика легендарниот Дино Раџа вчера беа гости на мечпот во Белград меѓу Партизан и Олимпијакос.

Двете кошаркарски легенди добија овации од преполните трибини .

притисни ентер