Филипини- Ерупција на вулкан

Илјадници Филипинци ги напуштија своите домови поради активирање на вулканот Мајон. Втор ден во низа вулканот испушта пареа и пепел во атмосферата, објави ДПА.



Во неделата наутро, вулканска активност слушнале локалните жители, објави Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија.

Институтот препорачал луѓето да се воздржат од влегување во радиусот од 6 километри на опасната зона. Од саботата над 2200 жители на градовите Гинобатан, Камалиг и Анолинг избегале од своите домови, изјави портпаролот на полицијата. Дел од нив се сместени во училишни згради, кои се претворени во евакуациски центри.

Вулканот висок 2.472 метри досега во историјата од 1616 година избувнал околу 50 пати . Неговата последна смртоносна експлозија е од мај 2013 година, кога пет туристи загинаа, а седум лица беа повредени.

Лукаревска:Имаме подобри кадровски решенија. Ковачки:Кажете што имате напревно во тројката.

Носители на листи во 3 ИЕ Сања Лукаревска од СДСМ и Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, гости во Само Вистина.

Лукаревска:

Синоќешните бројки се показател и аларм за презентација на натамошните мерки и програмски определби до следниот круг и парламентарните избори. Ќе тропнеме на секоја врата и да поразговараме повторно со граѓаните како и до сега да ги слушнеме критиките, за да видиме што го предизвика нивниот револт. Можеби 8 Мај ќе даде можеби поинаков распоред на силите. Ако сакаме да се стремиме кон правда и правичност европските вредности тоа ќе ни го овозможат. Потфрливме во кадровските политики. Не смееме да дозволиме Претседател на државата да се избира во Собрание. На 8 Мај ќе ги видиме изборните комбинаторики, секоја опција што ги дели нашите определни е добредојдена. Ако ја црпиме моќта од граѓаните, мора да сме внимателни на наративот и да не предизвикуваме иритации кон било кој во нашата државата.

Ковачки:

Пендаровски е поразен со повеќе гласови отколку што ги освои. Промените се можни и тргнаа вчера, на 8 Мај ќе бидат потврдени, СДСМ ќе го трча последниот круг. Подадовме рака на секој субјект и повикавме на државно обединување за да се стави крај на криминалот, корупцијата и распродавањето на националните интереси. ДУИ може да повикува на бојкот, но како НАТО членка не смее да се остави државата без врховен командант. Не земајќи ве вас предвид листата ви е за спас и за имунитет, на дел од криминалците што и нанесоа штета на Макаедонија, а тоа се претмина кои и ќе влезат од листата на ИЕ 3. Набројте една инвестиција во источна Македонија, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе стави нешто на хартија тоа го реализира.

Најмалку 155 луѓе загинале во големите поплави во Танзанија (ВИДЕО)

Во поплавите во Танзанија загинаа 155 луѓе, а најмалку 236 се повредени, изјави денеска премиерот Касим Мајалива.

Во поплавите оштетени се повеќе од 10.000 куќи. Премиерот додаде дека обилните дождови предизвикани од Ел Нино и придружени со силен ветер доведоа до поплави и лизгање на земјиштето во различни делови на земјата.

„Многу луѓе загинаа. Имаше штета на посевите, куќите, инфраструктурата како патишта, мостови и железници“, рече Мајалива. Поплави ја погодија и Кенија, која се граничи со Танзанија во Источна Африка, при што загинаа повеќе од 30 луѓе, пишува CNN.

Во Кенија врне силен дожд од средината на март, а врнежите се интензивираа минатата недела. Кенискиот Црвен крст извршил повеќе од 188 спасувачки операции од март. Властите вчера затворија некои патишта во главниот град на Кенија, а неколку населби се поплавени.

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа

Над 180 илјади разлика е доволен показател за само едно, народот е на нозе и народот се крена против оваа власт, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево.

„Оние кои што се удираа во гради дека ќе сме се сокриеле после изборниот ден, јас денес не ги гледам. Сокриени коваат сценарија за бојкот, на врата се пред Мала речица да ги молат за гласови, како што ги молеа за тендери. Но, народот е посилен и од тие стотина луѓе од ДУИ кои управуваат со државата и од тој артаноиден режим“, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски разликата по вчерашниот изборен ден е толку изразена, што е поголема од вкупниот број на гласови на Пендаровски освоен на изборите.

„Ова е цунамито кое се крева и кое ќе се удри од главата на оваа власт. Народот се излеа и тоа незадоволство и тој бран на промени ќе ги порази. Сакам да предупредам дека работата не е воопшто завршена. Потребно е жолтиот картон да стане црвен. На 8 мај потребно е масовно да се излезе и да се гласа за промени“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека е многу важно разликата да биде уште поголема.

„Затоа што добивам информации за црни сценарија кои се коваат во противничките штабови и да им кажам колку и тие да планираат такви сценарија, народот уште пожестоко ќе ги казни. Излезот власта го гледа во две работи. И двете се губитнички сценарија. Првото е бојкот на изборите каде што најисправниот одговор треба да биде излезноста и масовноста на овие избори. Второто сценарио е играњето со белезите на Македонија и великодушните понуди што овој пат ги добива ДУИ за сметка на Македонија од СДСМ за еден партнерски настап и взаемна поддршка на изборите“, кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека двете сценарија им се за тоа како ДУИ и СДСМ да извлечат некаква полза, за сметка на пропаста и назадувањето на државата.

„Тоа нема да го дозволам. И затоа одговорот е масовна излезност на 8 мај“, порача Мицкоски кој заклучи: „да покажеме заедно дека силата на Македонија е во нас, во сите нас заедно, и да бидеме пример на сите идни генерации“, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер