Скопје кандидат за домаќин на ЕП во ракомет во женска конкуренција

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска во Загреб учествуваше на работниот состанок за заедничката кандидатура на Македонија, Словенија и Црна Гора за организација на европското првенство во ракомет во женска конкуренција во 2022 година.
 Како градови организатори на ова првенство ќе бидат Скопје од Македонија, Подгорица од Црна Гора и Целје и Љубљана од Словенија.

На официјалното поднесување на кандидатурата присуствуваа и градоначалниците на Загреб, Подгорица и Љубљана, како и претседателите и претставници на ракометните федерации на Македонија, Црна Гора и Словенија, вклучувајќи и високи преставници на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Шилегов, како што информира Град Скопје, во своето обраќање нагласил дека Скопје ужива углед на добар домаќин и оти има потенцијал достоинствено да ги прими туристите и љубителите на ракометот, да им обезбеди добра забава и пријатен престој за време на европското ракоментно првенство во женска конкуренција.

Тој потсетил дека Град Скопје години наназад организира големи спортски настани како УЕФА Супер купот Скопје 2017, меѓународниот Скопски маратон и други спортски настани за кои со гордост може да се каже дека го вбројуваат Скопје во редот на големите градови кои успешно се соочуваат со овие предизвици.

- Овие типови на големи спортски настани обезбедуваат вклучување на социјалните и културните особености на градот-домаќин во целокупното туристичко искуство на добрите практики од светот. Така обезбедуваме одлична можност да го прикажеме културното наследство на градот, неговата историја и уметност, локалната храна и музика, како и сето она останато што го прави нашиот град уникатен и интересен за посета, истакнал Шилегов.
Македонија испрати заедничка кандидатура со Словенија и Црна Гора за организација на Европското првенство во женска сениорска конкуренција во 2022 година, што ќе се игра во периодот од 4 до 20 ноември 2022 година. Кандидатурата на Македонија, Словенија и Црна Гора е единствена за првенството во 2022 година.

Од РФМ информираат дека во наредниот период ќе следуваат неколку фази за спроведување на кандидатурата, кои меѓу другото, содржат инспекција на одговорните лица од ЕХФ и евалуација на кандидатурата. Конечната одлука за доделување на организацијата на Првенството ќе биде донесена на ЕХФ конгресот што ќе се одржи во Глазгов на 18 и 19 јуни 2018 година. 

Сијарто: Комесарот на ОН и објави војна на унгарската влада

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал-Хусеин и објави војна на унгарската влада затоа што сака да ги заштити граѓаните на Унгарија од илегалната миграција.

Тоа го изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Ал-Хусеин денеска на отворањето на 38. Седница на Светскиот совет за човекови права ја критикуваше имиграционата политика на Америка, Кина, Мјанмар и Унгарија.

Комесарот на ОН ја критикуваше Унгарија поради законот против активностите на милијардерот Џорџ Сорос со кои се наметнуваат рестрикции на организациите кои им помагаат на бегалците и ги казнуваат групите за заштита на човековите права на границите.

Шефот на унгарската дипломатија изјавил дека илегалната миграција е прашање на национална безбедност и навел дека во последните три години загинале повеќе од 330 луѓе, а повеќе од 1.300 се повредени во Европа “во нападите на терористите со мигрантско потекло“.

Фотографијата со која “Русите“ го шокираа светот не е од Русија (фото)

Фотографијата која го обиколи светот, а на која се наоѓаат десетици мртви кучиња, била направена во Пакистан, а не во Русија, како што тврделе многумина.

Шокантната фотографија направена е во Карачи во 2016 година, а кучињата биле убиени за да се намали бројот на животните на улиците, пишува „Раша тудеј“.

Сепак, пред почетокот на Светското првенство во фудбал многумина беа загрижени за кучињата скитници во Русија, тврдејќи дека Русите ги убиваат.

 

Корисниците на социјалните мрежи ја споделувале фотографијата мислејќи дека е направена во Русија.

Меѓутоа, фотографијата на која има повеќе од 50 мртви кучиња е направена пред две години во Пакистан.

Заменик премиер Витали Мутко навел дека животните биле уловени и сместени во прифатилиште, а некои од корисниците на твитер го споделиле го споделиле текстот на Ројтерс во кој се наведува дека во Карачи во 2016 година се убиени повеќе од 700 кучиња. Фотографијата со кучињата исто така се наоѓа во овој текст.

„Фотографијата која сте ја искористиле според моето мислење е злочин, но не од Русија“ – напишал еден корисник на оваа социјална мрежа.

 

Украина: Време е за “деокупација“ на Крим

Киев, после продолжувањето на санкциите на ЕУ спрема Русија, треба да премине на “деокупација“ на Крим, изјави министерот за внатрешни работи на Украина, Павел Климкин.

„Им благодарам на нашите пријатели во ЕУ за продолжувањето на “кримските“ санкции на уште една година. Важно е во списокот да се внесат и одговорните за масовните кршења на човековите права на окупираниот полуостров и за изградбата на мостот преку Керчкиот проток. Треба да се премине од политика на “непризнавање“ на “деокупација“.

Претходно е соопштено дека рестриктивните мерки на Европската унија за Крим се продолжени на уште една година.

 

притисни ентер